Оргинален наслов: СЕПАК ПОСТОЕЛА БЛOKAДА ОД ТУРЦИЈА, ЗА НАШЕТО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО: Турција барала екстpaдиција на членовите на ФЕТО, Македонија се консултира со ,,западните партнери”
Порталот Инфомакс објави статија во која пренесуваат дел од изјавата на Претседателот Стево Пендаровски дадена за Алмакос. Насловот на статијата ги доведува до забуна и истовремено ги дезинформира читателите тврдејќи дека постои можност за блокада од страна на Туција за наше зачленување во НАТО.
Линк до оргиналната статија: link.
Текстот во статијата воопшто не коренспондира со насловот на истата. Имено, Претседателот Пендаровски во изјава дадена за Алмакос на прашање од страна на новинарот кое гласи: “Кој е вашиот став во врска со барањето на Турција да и се вратат нејзините граѓани обвинети дека се членови на организацијата ФЕТО?” Претседателот одговара: “Разговаравме за ова прашања со нашите партнери од Турција и знаеме дека тие имаат барања за 15 лица. Постапката е во тек преку Министерството за правда, колку што сум информиран. Исто така треба да сме свесни дека ние имаме преземено обврска како дел од нашата европска интеграција да се усогласуваме со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и треба да го имаме предвид и ова прашање при носењето на конечни одлуки”.
Интервјуто можете да го погледнете на следниов линк, а одговорот можете да го прочитате на 22-рото поставено прашање. Во одговорот даден од страна на Пендаровски никаде не се спомнува за можна блокада од страна на Турција, па така насловот на оваа статија ја прави истата во исто време и дезинформација и кликбејт.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО