Најголемата пропагандна машина во историјата. Фејсбук би ставал и реклами од Хитлер. Вака во својот говор на настанот организиран од Лигата Против Лаги и Клевета, актерот Саша Барон Коен, ја нападна најголемата и највлијателна социјална мрежа на денешницата.imageСкоро сите светски медиуми го пренесоа говорот на Барон Коен, во кој популарниот Борат ги обвини Фејсбук и останатите социјалните мрежи за неодговорност  во ширење на лажни вести и поттикнувањето омраза преку нивните платформи кои допираат до милијарди луѓе.Но, многу малку од медиумите што го пренесоа говорот на Барон Коен навлегоа и во неговата срж, причините и анализите од кои произлезе овој силен говор. Тимот на Ф2Н2 ги истражи студиите кои послужија како подлога на овој инспиративен говор, кој најавува посериозна борба и рестиктивни мерки во ширењето на лажни вести и поттикнување омраза на социјалните мрежи.Демократијата се повлекува пред автократијата„Ова се времиња кога демократијата, која зависи и се потпира на вистината, ја губи битката и се повлекува пред налетот на автократијата, која зависи и се потпира на лаги. На социјалните мрежи се шири омраза, која понатаму завршува и во напади, убиства на етничка или религиска основа“, оцени Барон Коен во говорот. Целата оваа омраза и насилство е овозможена преку грст интернет компании кои израснаа во најсилната пропагандна машинерија во историјата.Барон Коен ги повика Фејсбук, Јутјуб, Гугл, Твитер и останатите социјални мрежи кои допираат до милијарди луѓе да размислат за нивните алгоритми кои им даваат сила на содржини кои удираат на примитивните инстинкти кај луѓето и предизвикуваат страв и гнев. Овие алгоритми, заради кликови и реклами поттикнуваат и препорачуваат видеа од приврзаници на теориите на заговор. Ова е причината зошто лажните вести се шират побрзо од вистинските вести. Лагата се шири побрзо, тоа е добро познато, утврдено во многу научни студии.imageНајновата и најмоќна пропагандна машинерија во историјата ја поттикнува најстарата теорија на заговор во историјатаНа пример, обемното истражување направено од 2006 до 2017 година за пласирање на вистински и лажни вести на Твитер покажува дека лагите се шират значително побрзо, одат подлабоко во општеството, се шират во сите категории на информации. Истражувањето содржи примерок од 126.000 стории, твитнати од три милиони лица и имаат над 4,5 милиони твитови. Проверката дали се лажни или не се вршела со компарација на наодите од шест различни организации за проверка на факти. Резултатите се поразувачки. Лагите кои предизвикуваат страв, гадење, гнев, се шират многу побрзо од реалните вести кои инспирираат доверба, тага, радост или предвидување.imageВо време кога најновата и најмоќна пропагандна машинерија во историјата ја поттикнува најстарата теорија на заговор во историјата – дека демне опасност од Евреите, човекот што го води Фејсбук, Марк Цукерберг вели дека се работи за избор.Ова е апсурдно, вели Коен. Не се работи за ограничување на нечие право на слободен говор. Туку давање можност, платформа на луѓето, а во нив и на оние најбесрамните, највулгарните, со најниски морални вредности да допрат до третина од популацијата на планетата. Слободата на говор не е слобода луѓето да бидат изложени на сешто. За жал, секогаш ќе има расисти, антисемитисти, педофили. Но, јас мислам дека на сите овие не смее да им се дава платформа за ширење на нивните страсти и таргетирање на жртвите.Оние што мразат полесно се регрутираатНауката покажува дека оние кои ги поддржуваат и веруваат во теориите на заговор, оние кои се обединуваат врз основа на омраза, полесно се регрутираат, мобилизираат и всушност изненадувачки е колку лесно може вербата во конспирација, заговор да се претвори во насилство. Бидејќи одамна важи она што големиот филозоф Волтер го рекол: „Оние кои ќе ве натераат да верувате во апсурди, можат да ве натераат и да сторите ѕверства“.imageА социјалните медиуми на автократите им дозволуваат на милијарди луѓе да им сервираат апсурди.Поради сето погоре наведено, Барон Коен повика дека е време за фундаментално преобмислување на улогата на социјалните медиуми особено во нивната улога на ширење омраза, лаги и заговори.„Ако нео-нацист вмаршира во ресторан и почне да им се заканува на другите гости и да вели дека сака да ги убие сите Евреи, дали од сопственикот на ресторанот ќе биде побарано да го услужи со еден елегантен комплетен ручек? Секако дека не! Сопственикот на ресторанот има право и морална обврска да го избрка нацистот надвор. Истата обрвска ја имаат и интернет компаниите“.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.