Повеќе од еден месец наназад Русија бележи висок раст на новозаболени и починати лица од коронавирусот. На 16 јуни според податоците на worldometers.info во Русија биле регистрирани 13,397 новозаразени и 396 починати лица, за да на 15 август регистрираат 21,624 новозаразени и 816 починати. Бројката на новозаразени е речиси дуплирана, додека пак бројката на починати лица е повеќе од дуплирана.imageimageВаквите бројки се косат со информациите кои постојано доаѓаат од Кремљ, односно дека Русија одлично се справува со коронавирусот, нешто што во реалноста не е воопшто точно. Исто така вредно да се напомене е и фактот дека процесот на имунизација на населението во Русија доживува фијаско имајќи предвид дека до 18 август властите успеале да вакцинираат само 23% од населението. Иако медиумите и Руските пропагандисти не ја пропуштаат можноста “соодветно“ да ги промовираат “трите вакцини“ кои се “произведуваат“ во Русија, ниту една не е признаена од страна на СЗО (Светска Здравствена Организација). Дополнително, Кремљ во изминатиот период не пропушташе можност да шири дезинформации за планот за имунизација на западните држави како и за ефикасноста на вакцините Фајзер и Модерна. Уште од самиот почеток на пандемијата Кремљ манипулира со бројките, односно лажно ги претставува, се со цел да ја претстави руската медицина како понапредна во однос на останатите западно-европски медицини. За жал, дезинформациите иако на краток рок делуваат, времето и состојбите редовно ги демантираат. Ова е уште еден пример кога е Русија во прашање, токму за тоа како времето ја исфрла “лажната супериорност“ на виделина.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.