Пандемијата на коронавирусот го погоди светот неодамна, и многу брзо го смени животот каков што го познаваме, буквално во секоја земја во светот. Секој сегмент од нашите општества е погоден, без разлика дали станува збор за политика, бизнис, медиуми, спорт, забавната индустрија и така натаму. Со порастот на бројките на заразени, владите интервенираат со широка лепеза на мерки за да го спречат натамошното ширење на вирусот, со оглед на тоа дека до сега не е пронајден лек за Ковид-19. Вирусот и неговиот ефект на здравјето на луѓето, заедно со различните видови на мерки кои владите ги донесоа во општествата, драстично го променија начинот на кој луѓето живеат, комуницираат, планираат и се однесуваат во своите секојдневни активности. Имајќи го тоа предвид, еден сегмент на општествениот начин на живеење кој е разрушен и кој има огромни последици по животите на многу луѓе, и кој поради тоа привлекува големо внимание во медиумите, е стопанството. Работниците од приватниот сектор се особено на ризик поради импликациите од глобалното затворање на туристичкиот сектор,  услужниот сектор и трговијата или продавниците. Ова резултираше со тоа да голема бројка на луѓе бидат отпуштени или ставени на почек поради успорувањето, ако не и тоталното замрзнување на многу економии. Ова е многу значајно бидејќи ефектите на системот што ова ги предизвикува се многу драматични, или кажано со едноставен речник, примањата на луѓето потполно ќе исчезнат или ќе бидат преполовени точно во моменти кога тие ќе им бидат ним најпотребни. Ова очигледно ќе води кон различен вид на проблеми за државите во нивните напори за стабилизирање на економиите, и поопсежно целите општества.

Еден пример е Норвешка, држава со население од 5.368 милиони, има евидентирано повеќе од 185,000 луѓе кои аплицирале за финансиска поддршка, од кои повеќе од 100,000 се невработени, и бројките се во пораст. Според друга проценка пак, 1.5 милиони работни места се веќе засегнати од кризата, тоа е ¾ од работната сила во приватниот сектор, што значи дека економијата, повеќе или помалце, е парализирана. Ова е без разлика на фактот дека досега има нешто повеќе од 5 илјади луѓе кои биле официјално дијагностицирани во Норвешка.

Во Шпанија, 834,000 работни места се изгубени само во март, и со продлабочувањето на кризата, оваа бројка наскоро би можела да се зголеми за неколку пати. Оваа бројка е забележана без разлика на фактот што за време на првите дванаесет дена од март, само 2,857 работници се пријавијале како невработени. И ова е зачудувачки. Ова води до заклучокот дека: доколку владите не реагираат брзо, работите се закануваат да се влошат, заедно со бројката на компании кои исчезнуваат од пазарот, бројка која продолжува да расте драматично. Илјадници мали и средни претпријатија кои се затворени нема да можат да се опорават и да бидат отворени повторно бидејќи тие буквално исчезнуваат.

Следно ќе ја земеме за пример најголемата економија на светот, таа на Соединетите Американски Држави. Ако го земеме предвид фактот дека најверојатно станува збор за најразвиената земја во светот, што исто така значи дека теоретски таа би требало да биде најотпорна во светот и да биде способна да се адаптира лесно на шокови, таа забележува повеќе од 10 милиони работници кои се пријавија како невработени само во март. Ова очигледно не ги вклучува работниците кои се присилени да прифатат намалување на платите, или да бидат испратени на принудни одмори, или кои се ставени на почек на неодредено време, со кои бројката би се искачила многу преку 10 милиони. Доколку ова не звучи доволно застрашувачки, што треба да мислиме за иднината ако ја погледнеме брзината со која коронавирусот се шири во САД? Се појавија неколку бројки кои се предложени како еден вид на проценка на вкупната бројка на работници кои е веројатно да останат без работа низ траењето на коронавирусот, и едната од тие бројки е бројката 47.05 милиони.

Оваа бројка говори сама за себе. Можеме само да ги замислиме последиците кои можат да произлезат од таква огромна маса на невработени, и можеме се разбира исто така да ги замислиме посследиците што оваа криза ќе ги предизвика за тоа општество.

Друг пример е Германија. Очекувањата на Германија се дека невработеноста во најголемата економија во Европа ќе порасне драстично поради кризата предизвикана од коронавирусот, без разлика на фактот што стотици илјадници компании аплицираа за нивните вработени да се приклучат кон работната шема за скратено работно време субвенционирана од владата, дизајнирана за да спречи откази. Намерата позади оваа програма е да се спречи голем пораст во невработеноста преку експанзија на “Kurzarbeit“ или работна шема за скратено работно време, според која фирми погодени од кризата можат да ги испратат своите работници дома, или да ги намалат нивните работни часови, и државата ќе им компензира за огромен дел од загубениот приход. Според одредени статистики, 470,000 компании аплицирале за поддршка според оваа шема во последните две и пол недели на март—рекордно месечно покачување. Имајќи го тоа предвид, следната објава на статистика за невработеноста во април веројатно е да покаже зголемување во невработеноста од 150,000 до 200,000 луѓе, и важно е да се нотира дека многу од отпуштените работници работеле во услужниот и во туристичкиот сектор.

Агенцијата за вработување на Федералната Република Германија истакна дека до 25-ти март, примила и прегледала апликации од 55,000 компании за приближно 1.04 милиони од нивните вработени да се приклучат кон “Kurzarbeit“ шемата. Невработеноста во Германија може да порасне од 90,000 на 2.356 милиони во 2020 година доколку разрушувањата предизвикани од епидемијата со коронавирусот се умерени, но бројката на луѓе кои останале невработени може да стигне до 3 милиони доколку кризата е посериозна, предвидува ИАБ институтот за истражување на пазарот на труд.

Се на се, горенаведените броеви говорат самите за себеси за влијанието кое оваа криза го има на светот до сега. Рестрикции беа воведени во многу држави за да се успори ширењето на вирусот, но овие исто така имаат свој ефект на општествата на начин што ефективно ги забрануваат многу од вообичаените активности кои луѓето ги имаа пред појавувањето на коронавирусот. Луѓето мора да бидат разумни и да имаат разбирање за сериозноста на ситуацијата, и тие мора да се придржуваат кон официјалните одлуки на нивните влади ако сакаме да го зауздаме ширењето на вирусот. Тие треба да се придржуваат кон сите прирачници публикувани од релевантните органи и меѓународните организации со цел да помогнат во успорувањето на ширењето на вирусот.

 

Секој мора да придонесе за да им се помогне на органите лесно да се справат со ситуацијата и да ги ублажат негативните ефекти, тоа е единствениот начин за работите да се вратат во нормала и успешно да се создадат услови по кои патот кон економско опоравување може да биде изграден.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.