Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов на статијата: Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот На 15 април 2019 година во јавноста се појавија статии со наслов кој не кореспондира со текстот на веста, или така наречена Клик-бејт (клик-мамка). Со акцентирање сензационален наслов целта беше да се привлече поголемо внимание во јавноста.Во содржината на текстот пренесена е само фактографска информација од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика без при тоа да се направи споредба или анализа со промена на цените на нафтените деривати во одреден период наназад или пак во споредба со други земји.
Линк до оригиналната статија:
тукаВеста беше пренесена од голем број на портали со преувеличувачки наслов!Линк до архивираната оригинална статија тука.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Регулаторната комисија за енергетика работи согласно Методологијата (
јавно достапна на сајтот на РКЕ), која транспарентно предвидува кој се елементи влегуваат во
структурата на малопродажните цени на нафтените деривати. При тоа важно е кога се прават компаративни анализи за движењето на цените на нафтените деривати, споредбите да се прават соодветно со квалитетот кој одговара за тој нафтен производ, бидејќи до 2009 година на нашиот пазар согласно законските и под законските прописи, било дозволено да се пуштаат нафтени производи со Еуро 3 и Еуро 4 стандард, кои се со послаб квалитет и трошокот за процесинг на истите е поевтин, споредено со денешните еколошки поквалитетни нафтени деривати кои се продаваат и кои се Еуро 5 стандард. Затоа неспоредлива е паралелата за цената која најчесто се прави во јавноста кај дизелот или бензинот во 2008 година и сега во 2018 година, бидејќи станува збор за различни продукти.Споредено со 15-тина земји од потесното и поширокото опкружување, нашата држава е на дното на табелата користејќи заедно со уште две три земји
бензин и нафта со најниски цени.Ако се анализира структурата на движење на цените на бензините и дизелот ќе се дојде до заклучок дека од 2011 до 2014 година бензините имале континуирано повисока цена од денешната дури во еден период и до 18 % поскап бил бензинот споредено со денешните цени. Дури два пати во 2012 и еднаш во 2015 година имаме и драстичен скок во еден чекор од по 10% на цената на горивата. И сето тоа како резултат на светските движења на цените на нафтените деривати.Оттука, ваквото пласирање на статии чиј наслов не кореспондира со текстот на веста, остава простор за креирање ставови и мислења кои не кореспондираат со реалноста и ги доведуваат во заблуда граѓаните.Тие пак имаат право и треба да бидат правилно информирани за вака значајни теми, без шпекулации, манипулации и лажни вести!