Чернобил, мини серијата од пет епизоди во продукција на HBO, е филмски возбудливо раскажана приказна за една од најстрашните катастрофи на нашето време, хаваријата на нуклеарната централа Чернобил во Украина, тогаш во составот на СССР.Мајсторски екранизираната серија која во детали опишува што се случувало во 1986 година, кога пролетерите од сите земји, уживајќи во празникот на трудот, ги погоди морничавата вест од Припјат. Дури пет дена по несреќата.РеакцииРеакциите за серијата се движат од воодушевување и поздравување што вистината за Чернобил и неодговорниот однос на Советскиот сојуз конечно е изнесена на виделина, до друга крајност, тврдењата на Кремљ, дека се работи за американска пропаганда и дека наскоро во руска серија за „вистината“ за Чернобил, ќе се види дека за хаваријата е одговорен агент на ЦИА.
КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Сепак, коментарите на објективната руска јавност, која можеше да се прочита по текстовите на најдобрите европски и светски весници и медиуми, кои серијата е вешто направена, мајсторски е внимавано на сите детали како да се долови животот, декорот, опкружувањето во тогашна советска Русија, детали по кои режисерот Крег Мазин е познат, па дури и опседнат во нивно најситно доловување.Во дел од објективните забелешки ќе ги ставиме и тие дека сепак, Русите не пијат толку многу вотка, барем не секојдневно и во секоја прилика, но тоа се работите кои помалку загрижуваат.Неодговорна политика Она што ја фрапираше светската јавност е начинот на кој се работело во оваа нуклеарка, особено кобната ноќ, кога Чернобил го осветли небото над Украина, а жителите на Припјат и советска Русија не знаеја какво чудовиште се ослободи пред нивните очи и колкави ќе бидат последиците за нив и идните поколенија. Додека со децата в раце од мостот, од непосредна близина уживаа во таа ѓаволска убавина, лажната Аурора Буреалис предизвикана од радијацијата која со огромна брзина се вгнездуваше во нивните очи, под нивната кожа, во нивните коски. А, никој, ниту раководителите на нуклеарката, ниту локалните политичари не им ја соопштија страшната вест ниту пак наредија евакуација, со цел да се спасат што повеќе животи. Иако можеби за потребите на серијата повеќе издраматизирано, сепак ова говори за неадекватните првични реакции на советската власт пред најголемата глобална закана во тој момент.Киднапирана држава, распаднат систем на одговорностГнилиот систем на одговорност, потчинетоста на науката на политиката, одлучувањето на некомпетентните, стравот на локалните политичари од нивните претпоставени, и особено срамот пред светската јавност дека во советска Русија може да се случи трагедија од калибарот на Чернобил, бил кобен за спасувањето на човечките животи.Дури, во еден момент при собирот на локалните политичари и шефот на нуклеарката, кој и натаму не им ја кажува вистината дека Чернобил експлодира и секој час одлагање да се преземе нешто ја дуплира штетата и опасноста за целото човештво, се предлага градот и жителите да се жртвуваат, само да не се дознае што се случува овде. Ако од постарите се очекува мудрост, во случајот е токму обратното. Постар локален политичар предлаа да се запечатат влезовите и излезите од градот, да се прекинат телефонските линии и друг вид контакт со светот и да се издржи ситуацијата бидејќи тоа е партиотски чин што го бара мајка Русија.И денеска светската јавност се прашува кои се предностите што Кремљ си мислел дека ќе ги има ако ова што подолго го држи во тајност? Не согледувајќи дека радијацијата нема да ја почитува политичката одлука да остане во границите на Припјат, па дури и ако сите изгинат за таа кауза.Кризата ескалира, нехуман однос кон сопствените граѓаниНаспроти официјалната руска политика да се прикрие целиот настан или минимизира, Чернобил, само благодарение на совеста и саможртвата на неколку личности од советската наука и политички естаблишмент, не прерасна во најголемата трагедија на човештвото и планетата Земја од втората светска војна наваму. Подготвена да поднесе највисока цена на човечки жртви, официјална Москва реагира дури откако земјите на западниот свет ќе ја почувствуваат радијацијата и ќе почнат да се распрашуваат што се случува. СССР, како што впечатливо е прикажано во серијата почнува да се грижи за сопствените граѓани, дури откако стигнува веста дека во Германија не им се дозволува на децата да излегуваат надвор.КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Руската пропагандаЕдна од руските најпопуларни ТВ станици, НТВ во јуни објави дека планира да емитува свои серии за Чернобил, во кои причината за експлозијата на нуклеарката ќе биде саботажа од агент на ЦИА. Руската влада и финансиски ја поддржува серијата преку Министерството за култура.КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Се најавуваат и тужби од Москва против продукцијата на HBO поради „демонизирање на имиџот на советската влада и советскиот народ“.Дали и колку од овие луѓе можеа да бидат спасени?КЛИКНИ ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА
Недозволиво, советската влада оваа вест ја чуваше во тајност два дена. Вкупно 148 лица биле во моментот кога Чернобил експлодираше и веднаш потоа. Пожарникари и работници во ноќната смена во нуклеарката. До крајот на летото 1986 година во болниците во Москва биле хоспитализирани околу 15.000 лица со последици од радијацијата во Чернобил. Подоцна оваа бројка се зголеми на 40.000 откако покрај Украина, ја опфати и Белорусија каде што половината хоспитализирани биле деца.Околу 120.000 лица биле евакуирани од опасната зона околу Чернобил, но околу 600.000 работници се донесени да работат на затворање на реакторот, а околу 31.000 војници беа сместени во близина на реакторот, каде што радијацијата била 1000 пати поголема од нормалната.Ова не води до прашањето: Колкави се последиците од Чернобил?Во 2006 година Обединетите нации во извештај наведоа дека бројката на загинати како последица на Чернобил е 56. Но, научниците во светот не се согласуваат и се скептични. Сепак точната бројка нема да се дознае може само да се претпоставува и се движи од 50.000 до 150.000, бидејќи како што вели професорката на МИТ, Кејт Браун, Чернобил не може да се смета ниту денеска за минато. Последиците се чувствуваат и натаму.ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО