Одбележувањето на секој празник, заслужува почит. Празниците вообачено ги зближуваат луѓето.Големо внимание привлече одбележувањето на празникот „ Ноќта на вештерките“. Неговата популарност е глобална. Се одбележува секоја година на 31 октомври. Корените на неговото празнување потекнуваат од регионот на Келтите, претежно денешна Ирска. Келтите своевремено верувале во духовноста. Тие дури и се обидувале да се однесуваат како богови, искажувајќи итрина и мудрости со цел да ги совладаат своите непријатели. Келтите го славеле богот на Сонцето и господарот на Смртта. Првиот ден од ноември, за нив бил почеток на нова година. Келтите верувале дека ноќта помеѓу 31 и 1ви ноември мртвите ги напуштаат гробовите и шетаат по Земјата, а со цел да го спречат соочувањето со нив, луѓето со маски создавале голема галама. И Римјаните верувале во значењето на оваа ноќ.Самиот термин „Halloween“ се смета дека потекнува од 16-тиот Век. Денес има многу обиди од црковните лица да се оградат од празнувањето на овој како што го нарекуваат „пагански обичај“, кој пак настанал токму од Католичката црква. Зборот настанал со спојувањето на зборовите „All-Hallows-Evening“ или во превод вечер пред празникот на сите светци. Во овој период се создало и длабењето на тикви, базирано на ирска легенда за скржавиот Џек.Многу земји го одбележуваат овој празник, меѓу нив Ирска, Канада, САД, Порторико, Австралија и Нов Зеланд, но и други земји каде постои католичко население.Зачудува леснотијата со која многумина се обидоа да укажат дека празнувањето на овој празник е лош. Меѓу нив особено гласни се свештените лица.
Наративот со кој се поддржува нивната тезе е дека Западот е лош, поттикува вредности кои не треба да ги прифатиме.
Неколку од објавите по фејсбук групи во Македонија, се споделени од групи главно од Србија и на српски јазик.Дел од српските реакции беа пренесени и од домашните медиуми.Off.net.mk со сите нишани ја пренесе реакцијата на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда и нивните навивачи, по повод Halloween.И Кремљ користи слична реторика со која укажува дека западната култура ги уништува христијанските вредности.Рускиот пратеник Витали Милонов, во изјава пренесена од рускиот портал Politika Segodnya вели дека Halloween е артифицијален празник, кој што е мода на западот. Според него, денеска се слави Halloween, а утре „секс кукли“. Тој празник според него е неприроден и не е нормален.Христијанските вредности вклучуваат и почитување на другиот. Почитувањето на туѓата култура, нејзините традиции и обичаи, не значи по автоматизам дека тие се прифаќаат, а уште помалку дека тоа ќе го донесе самиот ѓавол во земјата. Ние веруваме во добро. Токму и затоа избираме да ги почитуваме туѓите права, вери, култури и обичаи. Сите ние сме луѓе. Наместо да напаѓаме, доволно ќе биде само да испратиме честитка. Нека им е среќен денот на вештерките на оние кои го празнуваат.ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО