Се чини дека популарната гатачка баба Ванѓа или позната како Балкански Нострадамус, иако е веќе мртва две децении, се уште е омилена тема за пишување. Па така секојдневно може да се прочитаат текстови со нејзините пророштва, за глобалните настани, природни катастрофи, па дури и за ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Загрижувачки е фактот што секогаш нејзините пророштва се поврзани со предвидување на немили настани, како и тоа дека ваквите стории се широко прифатени од читачката публика, која што ги чита и споделува на социјалните мрежи.

Неодамна на порталите delcevodenes.mk и sekojden.net беше објавен текст со наслов  “Баба Ванѓа не само ја предвиде епидемијата а и го кажала лекот против коронавирус” во кој што се трврди дека гатачката го предвидела ширењето на коронавирусот. Во истиот текст се тврди дека лекот ќе биде пронајден од Руските научници, при што се потенцира дека таа досега многу пати била во право, при што се очекува ваквото предвидување во иднина да се оствари. Па така, ваквата вест преку страната  “Мое здравје” била споделена повеќе од петстотини пати на социјалната мрежа Facebook.

Наслов со слична содржина беше споделен и од порталот Република.online каде што исто така беа толкувани предвидувањата на Баба Ванѓа за 2020 година.

Тимот на F2N2 веќе пишуваше на оваа тема, прочитајте повеќе на следниов линк.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.