Кога бомбите паѓаат, „Белите шлемови“ влетуваат. На место каде што веќе не функционираат јавните услуги, овие хуманитарни волонтери ги ризикуваат своите животи да помогнат на некој на кој му е потребно - без оглед на нивната религија или политичка идеологија. Познати по нивните карактеристични шлемови, спасувачките екипи работат на најопасното место на земјата и имаат спасено повеќе од 100,000 животи во текот на изминатите пет години. Овој цитат е од официјалната страница на „Белите шлемови“(познати и како Сириска цивилна одбрана), каде освен ова ќе најдете сведоштва на волонтерите кои зборуваат за нивната подготвеност да загинат, само за да спасат туѓ живот. Белите шлемови се познати низ целиот свет како првите кои пристигнуваат на местото на настанот, откако една бомба ќе ја погоди нејзината цел, но тие станаа познати по британскиот краток документарен филм, произведен во 2016 година, филмот „Белите шлемови“ кој следи тројца волонтери во Сирија за цивилна одбрана во нивната работа во Алепо и низ Сирија. Тројцата мажи се дел од истата единица и тренираат во Турција. Филмот е во режија на Орландо фон Ајнсидел, а во продукција на Јоана Натасегара. Тој беше многу добро прифатен од јавноста и ја освои наградата за најдобар документарен филм (во категоријата на филм со културни, уметнички, историски, социјални, научни, економски или други теми) на 89-тото доделување на Оскарите. Но, иако добивањето на наградата „Оскар“ требаше да биде во центарот на настанот, главната вест беше фактот што кинематографот на филмот, Халид Катеб, не беше во можност да присуствува на церемонијата на доделување на наградите, бидејќи му беше забранет влез во САД.Нешто што ми го привлече вниманието додека истражував на веб-страницата на Б.Ш., е сликата на жени во хиџаб и наслов кој вели: „НАЈХРАБРИТЕ ЖЕНИ НА СВЕТОТ“, покажувајќи дека Белите шлемови од своето формирање имаат волонтерки, тие бројат до 221 жени, кои се обучени за медицинска нега и лесни активности за пребарување и спасување. Гледајќи ги потребите на нивните заедници, женските тимови сега ја проширија својата работа за да обезбедат советување од траума, едукација во заедницата за да им помогнат на децата и семејствата да се подготват за напади и да се опорават по нив, а во области каде што има малку медицински услуги, тие отворија клиники за жени-мајки.Б.Ш. се најдоа во центарот на вниманието неодамна, откако британскиот основач Џејмс Ле Мезурие од организацијата што ја обучуваше сириската спасувачка група позната како „Белите шлемови“ беше пронајден мртов во Турција оваа недела. Тој подолго време добивал медицински третман за стрес и депресија, откриваат неговото семејство и пријателите . Поранешниот офицер на британската армија Џејмс Ле Мезурие ја посети болницата еден ден пред неговото тело да биде пронајдено пред неговиот дом во Истанбул. Му била дијагностицирана сериозна хипертензија и лекарите рекле дека неговата состојба треба внимателно да се следи.Турските иследници за „Индипендент“ изјавија дека веруваат дека поранешниот офицер на армијата се самоубил. Тие не пронајдоа знаци на насилство кон Ле Мезурие ниту во пост-смртната истрага, ниту при испитувањето на собраните докази, вклучително и снимките од видео надзорот.Се верува дека Ема Винберг, вдовицата на Ле Мезурие им кажала на истражителите дека нејзиниот сопруг во минатото зборувал за одземање на сопствениот живот. И покрај фактите за смртта на Ле Мезурие, теоретичарите на заговор и тролските мрежи ја искористија можноста да шират говор на омраза и лажни вести за работата на Ле Мезурие, истиот ден на социјалните мрежи.Северна Македонија не беше исклучок од оваа пропаганда против Б.Ш., според фактот што тимот на Ф2Н2 пронајде два портали за вести како mkd.mk кои ширеа половични факти за позадината на Ле Мезурие, пишувајќи; „Сириската влада и нејзините сојузници Русија и Иран ги обвинуваат „Белите шлемови“ за отворено помагање на терористичките организации. Руското Министерство за надворешни работи минатата недела го обвини Ле Мезури дека е поранешен агент на МИ6, британска служба за контраразузнавање. Така, засилувајќи ја руската пропаганда против СБ, написот не е потпишан од автор, што уште повеќе го намалува кредибилитетот на статијата.Но, работите се влошија кога екипата откри уште еден портал наречен Kolozeg.info кои неконтролирано ширеа лажни вести и говор на омраза врз основа на религија, етничко потекло и раса. Нивниот напис исто така не е потпишан од автор, што е вообичаено за лажни вести што на ваков начин се шират на Интернет. Написите започнуваат со реченицата; „Светот е подобро место без него, крвавите терористички инсталации на ИСИС/УЧК и нивните минати поддржувачи се распаѓаат. Никој нема да пролее солза за воен злосторник со крвави раце, освен вехабистите и терористите Ахмети и другите УЧКаши кои се оставени сами на нашите народни судови без надворешна поддршка и нивните корумпирани другари на СДС/ДПМНЕ. Основачот на „Бели шлемови“ бил во Сирија и УЧК на Балканот, шпион на МИ-6 и поддржувач на вехабистите и терористите, е пронајден мртов во Турција.“Интересно е да се каже дека во Северна Македонија немаме дефиниција за ваков вид на десничарски националистички говор на омраза, но сепак според Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борбата против тероризмот на Република Северна Македонија; „широкиот опис на НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ - се однесува на верувања и активности на луѓе кои поддржуваат или користат идеолошки мотивирано насилство за да реализираат радикални идеолошки, религиозни или политички ставови.“ Од страна на властите на Република Северна Македонија не е преземено никаква акција против овие портали на Интернет, кои продолжуваат да ја шират својата насилна политичка идеологија.Се чини дека за Б.Ш. овој вид на напади не се нови, бидејќи има изјава на нивната веб-страница која вели; „Белите шлемови се таргетирани затоа што се осмелуват да работат надвор од контролата на сирискиот режим и да му покажат на светот што се случува во Сирија. Нивните податоци и сведоштва на очевидци, како и фотографски докази, се витални извори на информации за меѓународни истраги за воени злосторства составени од Анкетната комисија на Обединетите нации, Организацијата за забрана на хемиско оружје и групите за човекови права. Овие злосторства вклучуваат употреба на хемиско оружје, колективно казнување на цивили преку опсада на глад и таргетирање на болници и медицински установи. Водечките сторители на овие злосторства, Сириската влада и нејзиниот сојузник Русија, ги таргетираат Белите шлемови на теренот и се обидуваат да ја дискредитираат нивната работа преку Интернет и во медиумите. Тие исто така се подложени на постојан напад преку Интернет - како лично, така и преку руска кампања на дезинформации проследена со омраза, спроведена од блогери, ботови и тролови. Оваа онлајн војна е дизајнирана да создаде сомнеж и забуна околу фактите на теренот. На крајот на краиштата, овие напори да ја дискредитираат работата на „Белите шлемови“ се со цел да ја заматуваат реалноста на воените злосторства извршени од Русија и Сирискиот режим.“Јас сум цврсто убедена дека работата на Џејмс Ле Мезурие и Белите шлемови никогаш нема да има црна дамка, бидејќи тие докажаа дека се подготвени да ги ризикуваат своите животи во конфликтот каде што многумина избрале насилство и тие ќе продолжат повторно да ја градат Сирија, тула врз тула. Мерал Мусли Тајроска - психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам и активист за родова еднаквост. https://www.whitehelmets.org/en/ https://www.independent.co.uk/news/world/europe/james-le-mesurier-death-white-helmets-syria-russia-propaganda-a9204896.html https://www.mkd.mk/svet/vesti/poraneshen-britanski-razuznuvach-najden-mrtov-vo-turcija-gi-obuchuval-siriskite-beli?fbclid=IwAR0i2mseTl4DpU2tOCpu4vBEV_wWDbpehH4lvK0eFN8WJtzT3S3aKW1pck4 https://kolozeg.info/2019/11/12/%d0%bc%d0%b86-%d1%88%d0%bf%d0%b8%d1%83%d0%bd-%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%87-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%83%d1%87/?fbclid=IwAR1lDadLGCWWBX7a3zF1w8Pf1tgfE8G9VkosdlN5iobQzbhBSemQO64_EAY https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/ct_national_strategy_eng_translation_sbu.pdf https://www.whitehelmets.org/en/
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО