Оригинален Наслов: ГОРДАНА ГОЏО : ДАЛ ДА ПЛАЧАМ ИЛ СЕ СМЕАМ? СЗО ГИ ПОДДРЖУВА ,,ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ РАСИЗМОТ”!
Според Фејсбук профилот на Гоџо, никој не може да избега од нејзината „детективска експертиза“ во разоткривање на „Глобалистите“ кои се залагаат за уништување на човештвото. Тука се вклучени Хилари Клинтон, СЗО, Сорос, Кралицата Елизабета, Сатанизмот, и секако дежурниот кривец на сите теоретичари на заговор Бил Гејтс.
Таа на својот Фејсбук профил ја сподели следнава слика со статус во кој вели „ Дал‘ да плачам ил‘ се смеам? ПОГЛЕДНЕТЕ ВЕ МОЛАМ СЗО, онаа истата контраверзната на обвинителна клупа, на која неколку држави ѝ го укинаа финансирањето поради несовесното работење, онаа која ја следиме како слепи во мерките за носење маски и во броење на жртвите ОД или СО т.н. КОВИД, ГИ ПОДДРЖУВА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ РАСИЗМОТ! А бе кој расизам, ало? Со протестите на фашистичката АНТИФА, Трамп само доби повеќе гласачи кај афроамериканското население, кажува некој за тоа?…“
Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.
Најпрвин, се работи за онлајн портал кој редовно објавува теории на заговор и анти-западни содржини, Слободен Свет, а исто така и често споделува Фејсбук статуси на луѓе познати и непознати за јавноста. Последното нивно споделување е статусот на Гордана Гоџо, која доминираше на протестот против 5Г, коронавирусот и задолжителната вакцинација, кој се одржа на 31-ви мај пред владината зграда.
Генералниот директор на Светската здравствена организација д-р Тедрос Аданом Гебрејесус во седиштето на организацијата во Женева во Швајцарија одржа прес конференција на која истакна дека се поддржува глобалното движење против расизмот и се негира секоја форма на дискриминација.
Осврнувајќи се на протестите кои започнаа низ светот, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд како резултат на полициско насилство на 25 мај во градот Минеаполис во САД, Гебрејесус ја изнесе следната констатација:
“Светската здравствена организација (СЗО) во потполност го поддржува глобалното движење за еднаквост и против расизмот. Ја негираме секоја форма на дискриминација.”
Гебрејесус упати повик за одржување на протестите низ светот безбедно и го додаде следното: “Колку што е можно држете растојание од најмалку еден метар од другите, чистете ги вашите раце, покријте ја вашата кашлица и доколку учествувате на протест ставете маска.”
Тимот на Ф2Н2 смета дека е иронично тоа што Гоџо се буни за поддршката на СЗО за правото на секој граѓанин на протест, со оглед на тоа дека таа самата го уживаше своето право на протест на 31 Мај пред Влада. Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст за лажна вест која има за цел да креира забуна кај народот, и препорачува податоците содржани во текстот да се земаат со голема доза на резерва.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО