Оригинален наслов:Зејнула до Македонците: Ќе се убивате земјата ќе ви ја земат АлбанцитеНа 23 јуни порталот expres.mk објави текст со наслов Зејнула до Македонците: Ќе се убивате земјата ќе ви ја земат Албанците.
Во содржината на текстот стои дека „извесен Реан Зејнула вчера го имаше највпечатливиот коментар за време на ТВ дуелот меѓу Радмила Шеќеринска и Александар Николовски на Само Вистина на Канал 5. На жестокиот судир меѓу двајцата гости Зејнула со коментар дека тие односно Македонците ќе се убиваат меѓу себе а земјата ќе им ја земат Албанците.”
Линк од оригиналната статија можете да го најдете тука.
Се работи за коментар на гледач на Тв дуелот, извесен Реан Зејнула. Имено, ако ги изоставиме правописните грешки што се направени, неговиот коментар гласи вака: “ќе се убивате, ќе ви ја земат земјата Aлбанците”.Фејсбук коментарот е видлив на ТВ екраните за времетраењето на емисијата. Па така, порталот го искористил тоа да креира наслов со наводна порака од Зејнула до Македонците: Ќе се убивате, земјата ќе ви ја земат Албанците.
Коментарот на гледачот не е ништо помалку од говор на омраза кој всушност претставува вид на изразување кое е дизајнирано да промовира омраза, во случајот врз основа на етничка припадност и национално потекло.
Иако лицето/гледачот кој го напишал коментарот е непознато за јавноста, сепак во никој случај не е оправдано ниту дозволиво ширење на говор на омраза. Уште повеќе неговиот коментар добива “сила” и значење со тоа што порталот го истакнал како наслов во текст, а дополнителна тежина му дава фактот што се јавува пред стартот на политичката кампања за предвремените парламентарни избори 2020.
Иако на крајот од текстот авторот пишува дека ова е груба забелешка насочена и против Македонците и против Албанците која предизвикала реакции на социјалните мрежи, но засега немало никаква реакција за овој настан, или слични коментари кои ги зголемуваат тензиите особено пред изборите. Сепак во никој случај не е за оправдување неговото пренесување на истата со таков сензационален наслов.
Според тоа, може да заклучиме дека и неговата намера е иста како и на непознатиот гледач – преку поигрување со националните чувства да се создаде чувство на вознемиреност и да се внесе раздор помеѓу граѓаните. Презентацијата на овој коментар на пошироката јавност, уште повеќе го шири и поттикнува говорот на омраза и ги зголемува тезниите во овој предизборен период.
Единствениот заклучок е дека ова е еден од примерите како се поттикнува етничка нетрпеливост и разгорување на етничките страсти , што пак има за цел поткопување на заедничкиот соживот меѓу Македонците и Албанците.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО