Оригинален наслов: Дали се бетонира недобивањето датум во јуни?
Во текстот којшто е предмет на анализа, се тврди дека Северна Македонија е се подалеку од можноста за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни. Авторот пишува дека е повеќе од јасно дека државата не ги исполнила критериумите и затоа сигурно е дека нема да добие датум, а за тоа има потврда и од францускиот амбасадор Кристиан Тимоние.Оригинална статија
Овој текст е класичен спин чијашто мисија е да ги доведе читателите во заблуда, и да ги наведе да веруваат дека Северна Македонија е во ќорсокак, и дека сигурно нема да добие датум за почеток на преговори.
Читајќи го текстот, обичен граѓанин којшто можеби не е упатен многу во политиката, би помислил дека навистина патот на Северна Македонија кон ЕУ е завршен.
За да додаде кредибилитет на текстот, авторот спинувал и изјава на францускиот амбасадор вадејќи ја од контекст. Имено, францускиот амбасадор во ниту еден момент не посочува дека Северна Македонија нема да добие датум, напротив во неколку свои изјави кои тимот на F2N2 ги пронајде тој посочува дека датумот зависи од исполнувањето на реформите кои ќе бидат оценети во Извештајот на Европската Комисија како и од исходот на изборите за Европскиот Парламент.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО