На 28 Септември, на покана одделот за Медиумска писменост и истражување на дезинформации при Институтот Макс Ван Дер Штул на Универзитетот Југо-источна Европа, програмскиот менаџер на FN Росана Алексоска учествуваше на дебата насловена “Надвор од Насловите“ - Анализа на шемите на дезинформации: Перспективи од академијата и граѓанското општество".
Г-ца Алексоска ги презентираше главните сознанија од Студијата “Една година од руската агресија врз Украина“ додека Едлира Палоши Диша презентираше студија на случај - „Дезинформациите во време на Референдумот 2018“. Албулена Халили ги претстави активностите на одделот и проектите од областа на дезинформациите.
Академскиот карактер на настанот и академското портфолио на учесниците придонесоа за динамична дебата.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО