Британскиот регулатор  за комуникации Офком во ноември 2017 година, подготви интересно истражување  во врска со тоа како децата реагираат на лажните вести.Според податоците на ова истражување, децата за вести најмногу се информираат од телевизијата како медиум, со 64%, па следат социјалните мрежи со 56%.Британските деца најчесто ги користат социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.imageДецата на возраст од 12 до 15 години, платформата на Јутјуб ја препознаваат  како бренд и тоа дури 94 %. Додека, 81% од децата на која било возраст го користат овој канал за гледање видеа или други видео содржини.Она што е значајно во ова истражување, на британскиот регулатор за комуникации е фактот дека децата во Британија во  најголем дел, препознаваат ризик од лажно информирање. Децата го користат Фејсбук како социјален медиум. Но, кога станува збор за информирањето, тие сепак се многу внимателни во  поглед на доверливоста на информациите кои ги прочитале на оваа мрежа.imageДури 73% од повозрасните деца се свесни за „лажните вести“. Значајни 86% од децата на возраст од 12 до 15 години направиле проверка на веста без разлика од каде ја дознале.  Интересно е да се додаде, дека тие ги следеле и коментарите за нејзината автентичност.  46 отсто од децата велат дека им било тешко да кажат дали веста на социјален медиум е вистинита.6 од 10 деца се подготвени да направат нешто во врска со откривањето на лажната вест.Овие податоци на британскиот регулатор за комуникации се одличен податок, кој говори во прилог на важноста на интегрирањето на медиумската писменост во образовниот процес, уште од најрана возраст.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.