Теоријата на заговор е една од најсилните алатки за дезинформирање. F2N2 внимателно ги следеше текстовите поврзани со сценаријата за „Голема Албанија“ обидувајќи се да ги утврди трендовите преку кои се креираат ваквите наративи.

Изјавата на Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко, од 2-ри август 2018 год., „Сакаме да ја отвориме границата меѓу Косово и Албанија. Премиерот ми потврди дека таквата одлука е донесена и дека ќе стапи во сила од 1 јануари“ беше спинувана од страна на некои српски и македонски портали. Тие пишуваа дека нема да има гранична контрола, дефинирајќи го тоа како чекор кон Голема Албанија.

Сепак, бидејќи приказната за укинување на границата не се покажа дека функционира и наративот исчезнува, постои уште еден обид повторно на дневен ред  да се донесе теоријата за Голема Албанија, овојпат, во декември 2018 година. Одлуката да се воспостави систем за заедничка контрола помеѓу Косово и Албанија беше претставена како „укинување“ на границите и чекор напред кон Голема Албанија

Извор: infomax.mk

Наративот повторно беше обновен кон крајот на Јануари 2019, по изјавата на Министерот за надворешни работи Никола Димитров: „Размената на територии, етничките граници се концепти на минатото… во обединета Европа границите се суштински невидливи “, осврнувајќи се на можната размена на териториите меѓу Косово и СрбијаОваа изјава беше злоупотребена во текст, чијшто наслов тврдеше „ПЛАНОТ ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА СЕ ИНТЕНЗИВИРА: Еве позади што се крие реализацијата на идејата за „Голема Албанија“

Извор: infomax.mk

За што се работи?

Значи, да заклучиме, во текот на шест месеци постојано се прават напори од страна на одредени српски и македонски портали, да се одржи во „живот“ наративот дека „Голема Албанија“ само што не е прогласена. За ваквиот наратив ја извртуваат вистината за укинувањето на двојните контроли на границата меѓу Албанија и Косово и спинуваат изјави на политичари

Извор: slobodnaevropa.mk

Заедничката гранична контрола значи побрз трансфер на луѓе, побрз трансфер на добра итн. Причината за подобра ефикасност е фактот што наместо две административни процедури ќе има само една што ќе ја применуваат мешани тимови на претставници од двете земји и ќе има помалку администрација присутна на границата итн. (Ве молиме да го разгледате искуството на Албанија и Црна Гора).

Изјавата на Министерот Димитров е целосно во согласност со Европските вредности, како и сите изјави кои придонесуваат за подобрување на меѓусоседските односи на Македонија и Албанија. Исто така, факт е и дека стратешката определба на двете земји, Македонија и Албанија е членство во ЕУ. Оттаму, и оправдана и потребна е соработката и во сферата на граничната контрола, како што е тоа случај меѓу земјите на ЕУ и други земји.

Неколку зборови за општите пракси и светските искуства

Најпознатиот случај на заедничка гранична контрола е „Договорот за олеснување на граничниот транспорт на стоки и луѓе од 1999 год.“. Тоа е договор помеѓу Камбоџа, Кина, Лаос, Мјанмар, Тајланд и Виетнам. Првично Договорот бил преговаран речиси 5 години и не ги укинал границите, туку поттикнал поефикасно движење на луѓето и добрата, што пак придонесол кон зголемување на трговијата помеѓу овие земји. Вреди да се спомене дека Договорот бил спонзориран од страна на ОН.

Накратко, укинувањето на границите предвидува унии помеѓу државите, што значи дека Шенген-системот воспоставен во рамки на ЕУ е механизам кој не може да се реплицира врз основа на желба на некој политичар или политичка партија, туку потребна е што поголема соработка и посветеност на сите земји од регионот. Покрај тоа, земјите треба да обезбедат заеднички стратегии за надворешните гранични контроли и надзорстратегија за борба против тероризмот и трговија со луѓе и што е најважно да ги спроведат истите. Исто така, ќе постои потреба ЕУ и нејзиниот Шенген-систем да ги поддржат ваквите напори.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.