imageРуските власти се соочуваат со критики од страна на ЕУ и САД како резултат на дезинформација во врска со коронавирус пандемијата.И ако Кремлин се надеваше дека ПР вредноста на Руската мисија за помош во Италија ќе може да го преиспита овој растечки проблем со имиџот на Русија, комуникациите околу испораката на помошта сега започнаа да возвраќаат негативни резултати.Дезинформации насочени кон Полска и обидот да се заканат на италијанските новинари за да се замолчат се меѓу примери на лошо менаџирање со пораки од Москва.Мета: Полска Минатата недела, извештај на БиБиСи ги оспори руските медиуми кои известуваат од Италија, вклучувајќи приказни за руски знамиња кои заменуваат знамиња на ЕУ и звучењето на руската химна на улиците. Но, про-Кремлин аутлетите не беа сами во ширењето на вакви манипулации. На 23 март, руски сенатор, Алексеј Пушков, ја искористи италијанската достава за помош за да го прошири неточното тврдење дека Полска ги одбила руските авиони упатени кон Италија за пристап до полскиот воздушен простор.Твитот на сенаторот подоцна беше избришан; но штетата од дезинформација беше направена, бидејќи пораката стигна до руските медиуми, вклучително и до онлајн аутлетите на Интернетот Tsargrad, KP (Komsomolskaya Pravda), RIA FAN, Gazeta.ru, MK (Moskovsky Komsomolets), Life.ru и Ukraina.ru (која и покрај нејзино име е аутлет контролиран од руската држава, видете ја исто така и горната слика). Ниту еден од овие медиуми го поправи неточното тврдење за Полска во нивните публикации до 8-ми април.Државниот меѓународен канал „Спутник“ првично го пренесе тврдењето на сенаторот, но подоцна ја смени својата приказна, како што е опишано од „Polygraph.info“.Амбасадорот на ЕУ во Русија, Маркус Едерер, го истакна овој инцидент како пример за дезинформација во интервју на 2-ри април. Во интервјуто, амбасадорот ги повика сите да „се борат со коронавирусот, а не со вистината“. Мета: италијански новинариМинатата недела го забележавме портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Генерал Мајор Игор Конашенков, како излезе со закани против новинарите од италијанскиот весник „Ла Стампа“, кој во истражувачка статија ја доведе во прашање вистинската вредност на руската помош.Италијанската влада одговори на обидот за заплашување, потенцирајќи дека „слободата на изразување и правото на критика се фундаментални вредности на нашата земја“.Потпретседателот на Европската Комисијата за вредности и транспарентност, Вера Јурова, ја изрази својата солидарност со италијанските новинари кои се соочуваат со заканите од руската војска. Ублажување на сопствената дезинформација Појавувајќи се на 6-ти април во интервју за државниот ТВ Канал One Russia (Pervy Kanal), министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, истакна дека „на крајот на краиштата, мнозинството сега велат дека ова е природен вирус, кој се прилагодил на соживот со луѓето. Не гледам причина да се сомневам во тоа “. Со други зборови, руските власти сега се принудени да се обидат да ја ублажат штетата направена од еко-системот на про-Кремлин, во која дезинформации за коронавирусот вклучуваат тврдења дека тој е направен од човекот.Слично на тоа, портпаролот на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко, мораше да повика на дисциплинирање на сенаторот Пушков по неговиот напад врз Полска. “Пријателски оган" Примерите погоре наведуваат дека во тековната криза, Кремлин доживува недостатоци во дезинформациите и  еко-системот за влијание којшто нормално ги поддржува нејзините политики.После долгогодишно потпирање на негативни стратегии за комуникација, вклучително и дезинформации и тролање, руските власти сега се мачат да се направат релевантни на меѓународната сцена како играч на мека моќ. Како што покажуваат примерите од италијанската испорака на помош, овие напори можат да бидат поткопани од „пријателскиот оган“ на манипулативни комуникатори во рамките на про-Кремлин еко-системот.Слично на тоа, руските власти сега се будат во реалност во која домашната публика не може да биде хранета со истот вид на дефокусирачки дезинформации кои се користеа во случаи како што се оборувањето на Летот MH17 или хемискиот напад во Салисбери, Велика Британија: Коронавирус пандемијата е по природа глобален проблем, и самата Русија ризикува да стане мета на традиционалните про-Кремлин напори за заведување и збунување кога, како што рече руски експерт во интервју за EUvsDisinfo, „информативниот бумеранг се враќа“. Извор: EUvsDisinfo
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.