Антиваксерската кампања започната уште со пандемијата е во полн ек. Лаици за медицина споделуваат непроверени информации, видеа и документи извадени од контекст со кои се обидуваат да ја саботираат вакцината против КОВИД-19, која е една од мерките за справување со пандемијата. За жал, дезинформативната кампања која што се случи, не само што имаше влијание во државата, туку беше и организирано споделувана во регионот. Во оваа кампања зеде учество и поранешниот дописник на МИА кој живее во Брисел, Бобан Нонковиќ, кој на 8-ми декември
објави видео на својот фејсбук-профил, презентирајќи и на јавноста дезинформации за вакцината против КОВИД-19. Видеото кое за кратко време стана вирално, беше оценето како неточно од сервисот за проверка на факти
Вистиномер, бидејќи не се базира на факти. Сепак, она што можеше да го слушне публиката на Фејсбук, со оглед на големиот број интеракции, е од голема штета за процесот на вакцинација што треба да следи. Видео на Нонковиќ од доктор Данаиловски беше
оквалификувано како обид да се саботира вакцината:
“Во ситуација во која се случува катаклизма на планетарно ниво, во време ‘воено’, во време кога се умира, се дрзнуваат ловци во матно да ја саботираат единствената мерка која може да донесе разрешување на пандемијата – вакцинацијата!”Нонковиќ ја злоупотребува транспарентноста на
Центарот за биолошки проценки и истражувања на американската администрација за храна и лекови (ФДА), којшто, следејќи ги сите протоколи, објави
План за мониторирање на безбедноста и ефективноста на вакцината против КОВИД-19 наменет за производителите на вакцината. Центарот е орган кој е надлежен за регулирање на биолошки производи вклучувајќи ги тука и вакцините во САД. Вториот документ кој Нонковиќ го образложува е
документ за брифинг во кој се наведени првичните резултати од мониторингот на ефектите од вакцината кај околу 38.000 учесници, постари од 16 години, а односот помеѓу групата која примила вакцина и групата која примила плацебо е 1:1. Вредно да се напомене е дека брифинг документот ги презентира резултатите од 3-та фаза.Развивањето на нова вакцина
поминува низ повеќе чекори:
Апликација за истражување на нова вакцина;
Клинички испитувања на вакцината (фаза 1, фаза 2 и фаза 3) на десетици илјади волонтери;
Апликација за одобрување на вакцината;
Инспекција на производствените капацитети кадешто се произведува вакцината;
Презентација на наодите до Советодавниот комитет на ФДА за вакцини и сродни биолошки производи, кој ги разгледува и проценува податоците во врска со безбедноста, ефективноста и соодветната употреба.
Откако вакцината ќе се одобри, ФДА продолжува да го контролира нејзиното производство со цел да се обезбеди потребното ниво на безбедност. Следењето на вакцината и на производствените активности, вклучувајќи ги и периодичните инспекции на објектот се спроведуваат сè додека производителот поседува лиценца за вакцината.Планот содржи листа на потенцијални неповолни настани коишто ќе се следат во процесот на мониторирање и евалуација на вакцините при нивната употреба, што е нормална пропишана пракса не само за вакцини туку и за најобични лекови. Така на пример, можни несакани ефекти кај
далеронот, лек за намалување на покачена температура, се: гадење, алергиска реакција - најчесто црвенило на кожата, чешање, исип, замор, дијареа, повраќање, жолтица, панкреатитис (воспаление на панкреасот) и зголемување на ензимите од црниот дроб. Нонковиќ ја извртува вистината со тоа што можните несакани ефекти од вакцината ги презентира како веќе „
потврдени нус-појави“ кои сигурно ќе се појавеле по примањето на вакцината. Дополнително, тој споменува и “здравствен КОВИД-19 картон“ и др. Она што е точно е дека вакцината нема да биде задолжителна, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, додека пак СЗО не препорачува пасоши за имунитет или тестирање заради патување.Што се однесува пак до вакцините, важна е транспарентноста на процесот на нивната евалуација од страна на компаниите кои ги развиваат, со цел подигнување на свеста кај јавноста и стекнување на доверба во истите. И
Астра Зенека и
Оксфордскиот Универзитет, како и
Фајзер во соработка со Бионтек, редовно известуваат за последните истражувања и анализи во процесот на изработка на вакцината. Затоа јавноста треба да се информира од кредибилни извори и да не подлегнува на манипулации од секаков вид. На 8 септември 2020, девет извршни директори на фармацевтските компании Астра Зенека, Бионтек, Глаксо Смит Клајн, Џонсон и Џонсон, Мерк, Модерна, Новавакс, Фајзер и Санови
се обврзаа дека безбедноста и благосостојбата на вакцинираните лица ќе продолжи да биде највисок приоритет во развојот на првите вакцини против КОВИД-19.
Целта на оваа заложба е да придонесе кон тоа јавноста да има доверба во ригорозниот научен и регулаторен процес со кој се оценуваат и одобруваат вакцините против КОВИД-19.Техники преку кои се спроведе дезинформативната кампања Главната цел на ваквата дезинформативна кампања е да предизвика недоверба кај граѓаните во системот и процесот на заштита и имунизација на населението.Бројот на прегледи (274 илјади) и споделувања (повеќе од 5 илјади) на видеото е уште еден доказ дека темите поврзани со здравјето односно теориите на заговор поврзани со КОВИД-19 предизвикуваат емотивни реакции кај луѓето, а исто така овој опсег укажува на негово организирано споделување во краток временски период.Видеото беше споделувано на следните групи и профили:
Следниот ден откако видеото беше оценето како неточно, Бобан Нонковиќ сподели друга
објава на својот фејсбук профил во која се пофали со огромниот број гледања на видеото, што за него претставувало доказ дека наводно ги погодил во срж, како што ги нарече, „Гебелсовите факт-чекери на невладината Метаморфозис“.Како што споменавме погоре, во гледаноста на видеото “огромен придонес” дадоа поединци и фејсбук-групи, кои продолжија да го споделуваат видеото и покрај тоа што беше оценето како неточно, односно дека не е засновано на факти.Профилот со име
Ljubica Stojkovska беше еден од оние кои најактивно го споделуваа видеото. Јавните податоци на овој фејсбук-корисник покажуваат само дека е од Кичево, без фотографија на профилот за да може да се идентификува лицето кое стои зад него, но затоа пак видливи се фотографии и објави со македонски националистички симболи, како и знамето од Вергина. Овој, според Ф2Н2, анонимен фејсбук-корисник редовно споделува проруска содржина.
Овој корисник успева да го сподели видеото повеќе од 10 пати во повеќе различни групи во текот на една минута. Само како пример ќе ги наведеме објавите во
СОЮЗ РОЖДЁННЫХ В СССР,
Makedonski Nacionalni Interesi,
еВМРО,
World Macedonian Congress - Светски Македонски Конгрес,
Иницијатива да се исклучат реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ,
Ѕид на здравствениот срам????,
MAKEDONIJA od narodot i za Narodot!,
Заедно да ја сакаме Македонија !,
MAKEDONSKA DIJASPORA. Во истата минута видеото уште еднаш е споделено во истите групи, освен една (најверојатно по грешка е испуштена), додека пак во руската група
СОЮЗ РОЖДЁННЫХ В СССР видеото е споделено повеќе пати во текот на еден ден.
Во споделувањето учествуваа профили не само од Северна Македонија, туку и од регионот, како на пример од Бугарија, Хрватска и Србија. За жал, ова не е првпат поединци од Северна Македонија да бидат “извозници“ на дезинформации во други земји.Ова е пример на дезинформативна кампања спроведена од домашни и странски актери.Покрај ова, според реакциите на јавноста, видеото беше споделувано и во инбокс - техника што не се употребува првпат, туку се користи за спроведување на дезинформативни кампањи уште од почетокот на пандемијата.Наративот на Нонковиќ е дека американската Агенција за храна и лекови е “Deep State” алатка, и дека “
некој човештвото не само што го роботизира одамна, туку го депопулира и го става во пранги за да се дојде до таа златна милијарда жители што е максимум што би требало да го има светот, што спонзорите на овие вакцини на чело со Бил Гејтс ги најавија”.Очигледно е дека крајот на видеото се обидува да ја прикаже “големата слика”, односно во себе го содржи антизападниот сентимент, и да ја промовира теоријата на заговор дека “
светот е управуван од светска елита, олицетворена преку Бил Гејтс и во случајов на американската Агенција за храна, која има за цел да го роботизира, а преку тоа и деппопулизира светското население”. Сепак, нејасно е каква врска имаат “роботизирањето“ и “депопулацијата”.Видеото користи повеќе техники за дезинформирање кои веќе се идентификувани во проучувањето на овој феномен.Првата карактеристика е извртувањето (Distort) на фактите, со што потенцијалните негативни ефекти од вакцината се презентираат како веќе потврдени ефекти кои секако ќе се случат. Се работи за полувистина, една од најопасните алатки на дезинформациите, која често е многу поопасна од чистата лага.Дезинформациите исто така се користат за вниманието на јавноста да се дефокусира (Distract) од некој друг важен настан. Истиот ден кога беше објавено видеото,
медиумите објавија дека започнала вакцинацијата во Велика Британија, а видеото пласира контранаратив дека вакцините се штетни.Понатаму, има дискредитација (Dismiss) на фармацевтските компании кои ги произведуваат вакцините - Фајзер и Бионтек и Астра Зенека.Од друга страна пак, наспроти дискредитацијата, злоупотребен е документ/извор од западните демократски општества. Транспарентноста на институциите на западните демократски општества е многу често злопупотребена во дезинформативни кампањи, кои ја извртуваат реалноста и фактите, и се користат за да го прикажат Западот во негативно светло.Дополнително, тој го гради својот авторитет врз база на Европскиот парламент и пратеникот од Хрватска, Колакушиќ, кој на 30 октомври 2020 побара Парламентот да не прекинува со работа затоа што корона-вирусот бил “обична настинка, и не познава никого кој заболел од него.“
Кој е Бобан Нонковиќ?Бобан Нонковиќ е новинар, поранешен дописник на МИА од Брисел. За неговата полтичка позадина се знае тоа што беше против промената на името, односно
агитираше за бојкот на референдумот во 2018 година.Живее во Брисел и често застанува во одбрана на Русија, што може да се види од само едно
интервју во емисија на неговиот пријател Миленко Неделковски од 2018 година, каде изјавува дека случајот со труењето на Скрипал бил искористен како политичко орудие на западниот свет против Русија. Негови содржини, видеа, фејсбук-постови против евроатлантските интеграции на С. Македонија, како и наративи за федерализација на С. Македонија, за спроведување на „Тиранската платформа“
се објавувани од страна на порталот
Мина репорт.
Цивил медиа во 2019 година открива дека Мина репорт објавува проруски пропагандни содржини од руски автори на англиски јазик. Нејасно е кој стои позади оваа веб-страница, зашто нема наведено никакви податоци за редакцијата, освен тоа што во делот за контакт се наведени градот Скопје и адреса за електронска пошта. Според истражувањето на Цивил медиа, симптоматично за оваа веб-страница е и тоа што била регистрирана само една недела пред насилното влегување во Собранието на 27 април 2017 година.