Манипулацијата со информации е тренд кој бил активен отсекогаш. Моментално се јавува како нагласен глобален проблем поради:
Интернетот како глобална мрежа е посебно важен, затоа што овозможи дополнително олеснување и ширење на трендот на социјалните медиуми.Дигиталната револуција и широкопојасниот Интернет во изминативе две децении го забрзаа развојот на социјалните медиуми, едновремено менувајќи ги навиките на јавноста. Социјалните медиуми станаа клучни алки во поглед на социјалниот аспект на заедницата, односно тие станаа сеприсутни во човечкото живеење. Никулците се родија со Мајспејс во 2003 година, по што следа Фејсбук, Твитер, Инстаграм...Сите овие мрежи имаат бројни следбеници, дел од нив активни, дел пасивни. Фејсбук се’уште е убедливо најпопуларната социјална мрежа со повеќе од две милијарди корисници ширум светот. Во првата тројка се и Истаграм и Твитер.Социјалните мрежи се користат како извор на информации. Американците во таа насока предничат над Европејците, покажува извештајот кој го изработи
Институтот Ројтерс при Оксфорд Универзитетот, за 2016 година. Извештајот ја истражувал потрошувачката на дигитални вести во 26 земји, вклучително САД и Велика Британија. Резултатите од овој извештај укажуваат дека издавачите ширум светот се соочуваат со силни нарушувања на бизнис моделите, како резултат на социјалните платформи.Социјалните мрежи станаа толку моќни, што придонесоа голем дел од новинарските организации да го прифатат нивниот тренд на функционирање. Драматичниот раст на социјалните мрежи предизвика граѓанското новинарство да се менува. Се чинеше дека се случија некои трендови на промени во одредени општества за кои се верува дека се резултат на Фејсбук или Твитер револуцијата. Нишката на оптимизам набрзо беше заменета со разочарување. Аферата Сноуден во 2013 покажа дека државите сепак не се откажале од силната контрола врз општеството.Годините кои следеа укажаа дека развојот на дигиталните платформи, придонесе за пораст на ризикот од манипулација со информации преку:
Преголемата изложеност на информации што придонесува за намалување на концентрацијата и способноста за внимателна анализа при процесирањето на информацијата ( Премногу информации психолошки се штетни за процесите на носење одлуки)
Пораст на вектори кои придонесуваат за ширење на дезинформациите
Прецизна сегментација на населението што придонесува за прецизно таргетирање
Кликнувањата се брзи и евтини
Едноставен и брз начин на креирање веб страни кои навидум изгледаат професионално
Лесно ширење на податоци преку хоризонтална линија која ја создаваат социјалните медиуми, без притоа да мине низ надзор од уредувачко тело
Интернетот е глобален медиум кој нема граници, што го отежнува неговото законско регулирање, што пак го олеснува брзото ширење на дезинформации кај заедниците
Техничкиот напредок дополнително го олеснува продуцирањето на слики, видео и аудио содржини кои можат да бидат лажни, односно монтажа
Дигиталната ера во која живееме, само го олесни создавањето и ширењето на дезинформациите.Без одговорност, манипулацијата со информации е многу едноставна. Денес е мошне едноставно да креираш медиум. Доволно е само да имаш веб страна. Па така, секој може да стане медиумски работник, без да ги почитува принципите и стандардите за работа. Ова придонесе за недоверба кон медиумите кои работат професионално, што пак оди во прилог на лажните медиуми.Манипулацијата со информации не прави ранливи, а креаторите пак моќни. На овој начин, јавноста станува плен кој лесно се освојува. Виолета Ристоска Чадиковска