ОПИС

Оригинален наслов:  ДОКTOРИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ: Диjaбетиcoт исчeзнyвa за пет дена, благодарејќи на овој рецепт!

Медиумите кај нас често посегнуваат по текстови кои пропагираат алтернатива како замена за медицината. Во таа насока е и понудата на овој текст  објавен на  Инфомакс  со кој се пропагира дека дијабетот може да се реши за 5 дена.  Според текстот, магичниот природен рецепт кој лекува содржи спанаќ, моркови, зелено јаболко и  целер.  Смесата се пие наутро, на празен стомак, според упатството во овој текст.

Линк до објавата:  Инфомакс

ФАКТ/И

Разобличување на дезинформација: Овој тип на дезинформација е дел од актуелниот тренд на шпекулации кои се кријат зад завесата на псевдонауката. Оваа вест содржи неконвенционален лек  кој не е поткрепен со научни факти и конвенционалната методологија на официјалната медицинска наука и практика.

Целта на овој текст е да  наведе дека дијабетот може да се излечи лесно и едноставно, без никакви медицински испитувања и терапии кои ќе произлезат од резултатите.  Ова е погрешно и ризично. Во текстот не е наведено дали тоа се однесува за одреден вид на дијабет или за сите. Различните типови на дијабет, бараат и различен третман. Секое невнимание може да биде кобно.

Пример при дијабет тип 1 во организмот целосно недостасува инсулин, а пак овој е потребен за нормализирање на шекерот во крвта. Ова сознание ни овозможува да дојдеме до заклучок дека одредени природни производи не можат да бидат субститут за инсулинот.

Не постои магично решение за дијабетес. Дијабетесот е хронична состојба  на пореметување на  организмот. Според Меѓународната дијабетолошка федерација,  бројката на дијабетичари расте, се очекува до 2025 година да достигне до 350 милиони.

Луѓето кои страдаат од дијабет имаат покачени вредности на гликоза. Нивниот организам не може да ја пренесе гликозата во клетките. Доколку соодветно не биде третиран, дијабетесот може да предизвика компликации. Компликациите од дијабетес се развиваат постепено, но доколку не се следат внимателно, можен е ризик од компликации како што се:

  • Оштетувања на видот

  • Кожни инфекции

  • Срцев удар, нарушено движење на крвта во екстремитетите

  • Мозочен удар

  • Оштетување на нервите

  • Оштетување на бубрезите и друго

Дијабетесот се дијагностицира лесно. Со правилна едукација, медицински третман и надзор може да се превенира и контролира.

Тимот на F2N2 смета дека ширењето на оваа дезинформација е ризична сама по себе и претставува несериозност како и непрофесионално работење.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.