Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Сашо Димитријоски, во интервју за МИА тврди дека актуелната 4G мрежа има поголемо нејонизирачко зрачење од таа која што допрва ќе се поставува, 5G. Според него, и 4G мрежата не е штетна, но напредната 5G технологија и на максимална енергија има далеку помалку нејонизирачко зрачење.

„До овој момент АЕК спроведе мерење на нејонизирачко зрачење на неколку локации од 5G тест-мрежата на Македонски телеком за која е издадено привремено одобрение до 31.10.2020 за опсегот 3.6-3.7 Mhz. Мерењето е спроведено во сценарио на максимална зрачена енергија и резултатите покажуваат дека од максимално дозволеното ниво според меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење, во овој случај кумулативното зрачење изнесува 14,9 проценти. Во овој процент зрачењето од 5G учествува со само 32 проценти за разлика од зрачењето што потекнува од 4G, кое учествува со 49 проценти„, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК, во интервју за Македонската Информативна Агенција.

Бидејќи спроведеното мерење е направено во најлошо можно сценарио, со најмногу израчена енергија, се очекува дека во нормални услови, откако ќе се воспостави нормална мрежа, ќе има уште помало нејонизирачко зрачење.

АЕК е надлежна за мерење на нејонизирачкото зрачење од сите предаватели, а тоа значи и од базните станици од сите постојни технологии: 2G, 3G и 4G. Ова значи дека и со воведување на 5GАЕК ќе продолжи да го контролира нивото на зрачење од оваа технологија.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.