Вкупно 53 илјади евра и до 30% пониска вредност за автомобилски гуми ќе плати Владата преку Службата за општи и заеднички работи за набавка на 16 пневматици (8 зимски, 8 летни), за 3 блендирани возила сопственост на Владата преку СОЗР, кој има можност да се искористат и платат не во рок од една година, како што било пракса досега, туку се до моментот на потребата за замена на истите.Оваа година, за прв пат цените се драстично пониски од оние за кои се набавувани пневматици за блиндираните возила на Владата од 2014 година наваму. Ако се направи споредба на карактеристиките на гумите кои се договорени со јавната набавка за оваа и следната година три клучни предности нуди договорот.
Цената е драстично пониска 28% за летните и 30% за зимските гуми (прилог Договорите за набавка на пневматици за блиндирани возила од 2014 год, 2015 год, 2017 год, 2018-2019 год, 2019-2020 год).
За прв пат се набавуваат гуми со специјална заштита. Со кит гел за PAX систем, односно гуми со специјална рабна заштита и можност истите да бидат во употреба и во услови кога пневматиците се оштетени односно гумата е пробиена. https://en.wikipedia.org/wiki/Michelin_PAX_System;
Договорот за јавна набавка за пневматици за блиндирани возила склучен на ден 30.4.2019 година предвидува истиот да важи до исполнување на Договорот. (член 4 од договорот) (прилог Договор за набавка на пневматици за блиднирани возила 2019 – 2020 година)
Потребата за акцентирање на вредноста и дополнително објаснување за значењето на пневматиците кои се набавуваат за 3-те блиндирани возила на Владата со кои управува СОЗР, е како резултат на објавување на неточни информации и пласирање вести кои доведуваат до креирање невистинита, лажна слика за трошоците околу набавка на гуми за кои согласно договор постигнат по пат на јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки, се трошат пари од буџетот на државата.Имено на повеќе веб портали на почетокот на месец Јуни во само два дена беа пласирани серија вести дека “нeвepojaтни 53.000 евра државни пари ќе се пoтpoшат за набавка на пневматици за блиндиpaниот „Мерцедес“ во сопственост на владата”. Портали кои ја пренесоа веста дека парите се наменети само за блиндираниот Мерцедес се:
Република,
Вечер,
Нетпрес,
Точка,
Јавно,
Слободен Печат,
АлсатМ,
Магазин,
Експрес,
ММС,
МКД,
Курир.
Прес24.За споредба на вредноста на гумите, нивните карактеристики и целокупната спецификација, може да се погледнат и споредат и официјално потпишаните договори кои се и јавно достапни.
(прилог Договорите за набавка на пневматици за блиндирани возила од 2014 год, 2015 год, 2017 год, 2018-2019 год, 2019-2020 год).Во овие договори особено е впечатлива разликата во цени односно помалата вредност на пневматиците која е договорена со последната јавна набавка.Од особено значење е да се акцентира дека во последниот договор од 30.04.2019 година цената што е постигната вклучува и нова карактеристика на гумите, а тоа е тип на гуми, со кит гел за PAX системот (кој ја зголемува безбедноста на возилото). Доколку се анализира и се бараат информации за оваа карактеристика се доаѓа до информација дека кит гел за PAX системот, кој нуди висок степен на безбедност, има вредност што за околу една третина ја зголемува вредноста на обичните гуми кои досега биле набавувани. И во таков случај, цената на пневматиците е пониска од онаа набавена за обични зимски и летни гуми. (прилог Договор за набавка на пневматици за блиднирани возила за
2017 и договор за
2019/2020 година)