Со оглед на целиот контекст и моменталните реакции од страна на официјална Софија, ова е прилично добредојдено за оние медиуми кои постојано ја критикуваат надворешната политика која оваа Влада ја води. Сепак, анализата на сите досегашни заклучоци на ЕУ-Западен Балкан Самитите покажува дека ова не е ништо ново ниту вообичаено, односно, стандардна практика. И да, може да говориме за тоа дека се споменуваат двата договори во контекст на Северна Македонија, меѓутоа, тоа не е првпат. Скоро идентичен е и заклучокот од Самитот во Позњан, Полска одржан во 2019. Затоа, вето, неотпочнување на преговори и останати дезинформации се во најмала рака желба на некои структури кои Северна Македонија ја гледаат во една друга димензија и ориентација, некаде кон мистичниот Исток.

Во предвечерието на одржувањето на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Загреб во македонската јавност постојано кружат разни информации кои се поврзани со некакво вето од страна на Бугарија за датумот за отпочнување на претпристапните преговори помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Дури се оди и до таму дека во самите заклучоци ЕУ и наложува на Република Северна Македонија да се договори со Бугарија во спротивно може да следи вето. Текстови со ваква и слична содржина беа забележани во интернет просторот, со што имаат тенденција да прераснат во уште еден дезинформативен наратив, кој е секако штетен и дополнително прави поделби во македонското општество.

Но да тргнеме по ред.

За да разберат подобро читателите дека овие информации се сериозна манипулација и спин, ви даваме многу куса ретроспектива на сите вакви настани одржани од 2016 па се до овој последниов во Загреб, 2020. Имено, Ф2Н2 дојде до предлог заклучоците од самитот, а за потребите на овој текст ќе ја употребиме само точката 9 (точката 8 ќе ја обработиме во посебна прилика) каде се наведува дека “ЕУ во потполност ги поддржува заложбите на партнерите за инклузивна регионална соработка и зајакните добрососедски односи, вклучително и со земјите членки на Унијата. Имплементацијата на билатералните договори во добра воља со мерливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, остануваат важни во овој контекст…..“ .

Со оглед на целиот контекст и моменталните реакции од страна на официјална Софија, ова е прилично добредојдено за оние медиуми кои постојано ја критикуваат надворешната политика која оваа Влада ја води. Сепак, анализата на сите досегашни заклучоци на ЕУ-Западен Балкан Самитите покажува дека ова не е ништо ново ниту вообичаено, односно, стандардна практика. И да, може да говориме за тоа дека се споменуваат двата договори во контекст на Северна Македонија, меѓутоа, тоа не е првпат. Скоро идентичен е и заклучокот од Самитот во Позњан, Полска одржан во 2019, види слика подолу.

Дополнително, ако ги земеме предвид заклучоците од претходните 3 самити односно оној во Париз 2016Трст 2017 и Софија 2018, ќе можеме да се увериме дека ова не е ништо ново, напротив, на секој од овие самити без исклучок се третираат добрососедските односи и се поттикнуваат државите да ги решат своите билатерални прашања.

Билатералните прашања по дефиниција се решаваат помеѓу две страни, а во овој случај тоа се Република Северна Македонија и Грција во едниот, и Република Северна Македонија и Република Бугарија во другиот договор. Европската унија не е страна во ниту еден од овие договори, и неможе да биде. А зошто се афиримира прашањето за билатералните договори во заклучоците од 2019? Едноставно затоа што двата договора последователно се постигнаа во 2017 со Бугарија и во 2018 со Грција.

Затоа, вето, неотпочнување на преговори и останати дезинформации се во најмала рака желба на некои структури кои Северна Македонија ја гледаат во една друга димензија и ориентација, некаде накај мистичниот Исток.

 

Провери пред да споделиш, читај текст не само наслови!

 

Авторот познат на редакцијата

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.