Скептичарите кои не веруваат во пандемијата, продолжуваат со обвинувања. Овојпат во нoвите теории на заговор се лекарите кои спроред нивните сознанија лажат за вирусот.
Од „херои“ до „ терористи“. Италијанските лекари и медицински персолнал, покрај исцрпувачката работа за време на пандмемијата, соочени се со нов предизвик: теории на заговор во кои се обвинувани дека измислуваат итни случаи.Во
видео
кое се споделувало преку социјалните мрежи, две жени тврделе во камера дека се во собата за итни случаи во болница во Милано, еден од најпогодените градови во Италија. Во видеото се обидуваат да покажат дека болницата е празна, спротивно на она што се известува преку медиумите кои алармираат за драстичен раст на заразени. Нивната порака е дека лекарите, новинарите и политичарите, лажат. Според нив, тие се „терористи“.Видеото, кое е споделено илјадници пати, е лажно. Прикажаните простории не се наоѓаат во крилото за итни случаи на болницата, кои се всушност полни. Во видеото не се прикажани ни местата надвор од болницата каде редовно чекаат амбулантни возила, наредени една по друга, за да ги превземат сериозно болните пациенти.Вакви слични обвинувања се шират преку Фејсбук, Телеграм, WhatsApp и безброј други платформи, а во нив се тврди дека амбулантни возила бесцелно возат без пациенти или ги палат сирените, едноставно само за да ги исплашат луѓето.„Ако во текот на првиот бран нè нарекуваа херои, сега некој се предомисли“, изјавил хематологот Андреа Артони, кој е дел од одделот за КОВИД-19 на поликлиниката во Милано. „Уморни сме, уморни сме и работиме исцрпувачки смени, обидувајќи се да ја вложиме целата енергија што ја имаме за да ги спасиме оние што ќе се разболат“.Не е лесно да се соочиме со вториот бран на пандемија само шест месеци по првиот, сметаат лекарите. „На оние што го негираат постоењето на овој вирус, можам само да им кажам да дојдат и да прошетаат во некој од нашите оддели. Дојдете и видете како нашиот народ умира задушувачки, сам и луциден “.- изјавил хематологот Андреа Артони за Политико.Според негирачите и скептиците, здравствената вонредна состојба е изум на медиумите, искривен наратив кој го продаваат политичари и моќни луѓе кои сакаат да го манипулираат светот.Извор:
Politico
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО