ДОНАЦИЈА ИСКОРИСТЕНА КАКО МАНИПУЛАЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И КИНЕСКО И РУСКО ВЛИЈАНИЕ ВО ЗЕМЈАВА

Дезинформација бр:

#175

Дата:

15.07.2020

Извор:

mkdpress.site

Време на читање:

2 мин.

Оригинален наслов: КИНА И РУСИЈА СЕ “ВРАЌААТ” ВО МАКЕДОНИЈА? Погледнете колкава донација добивме од кинезите!

На 15.07.2020 порталот  МКД Пресс објави клик бејт текст, во чиј наслов е наведено манипулативно тврдење дека Кина и Русија се враќаат во Македонија.

Линк до оригиналната статијa тука.

Објавениот текст е клик бејт во кој е изнесено тврдење дека Кина и Русија се враќаат во Македонија.

Во суштина станува збор за настан за примопредавање на донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина, која и е предадена на Армијата на Република Северна Македонија. Улогата на Русија никако не е наведена во анализираниот текст, освен што манипулативно се користи во насловот на текстот. Овој текст има за цел да ги величи Кина и Русија како „братски земји“ кои и помагаат на Република Северна Македонија.

Колку за потсетување, во годините наназад и денес, Европската Унија доделила помош од неколку милијарди евра за нашата земја. Истотака, за 20 години, САД вложиле над 754 милиони долари за развој на земјава. За износот на донациите за справување со коронавирусот од земји-членки на Европската Унија, доделени на Република Северна Македонија, можете да прочитате тука.

Пласираниот текст е клик бејт, во кој е изнесено манипуативно тврдења кое не е поткрепено со факти, особено во делот во кој се споменува Русија. Донацијата во конретниов случај е злоупотребена со цел да се изманипулира јавноста за влијанието на силите на споменатите земји во Репулика Северна Македонија.

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст манипулативен.

Leave a Reply

Share via
Copy link