Тешко е да се замисли дека Кина ја нема во овие држави. За тоа дали бројот на заболени е оној кој Кина и официјално ги соопшти,  последниве денови сведочиме на сериозни реакции страна на САД и Франција.

Гледајќи ја табелата со статистики на worldometer.com заклучно со 16.04.2020, лесно може да се забележат одредени трендови кои се загрижувачки. Прво, доколку се гледаат замјите кои имаат повеќе од 100.000 заболени, се издвојуваат САД, Шпанија, Италија, Франција, Германија и Велика Британија.

Покрај фактот дека овие земји се најголем број на заболени гледано според маргината од 100.000, доколку се соберат сите заедно, ќе се забележи дека во овие 6 држави се содржани дури 2/3 или 1.437.277 од вкупниот број на заболени 2.282.308 во светот. Податок кој е повеќе од загрижувачки.

Оваа бројка претставува 66% од вкупниот број на заболени на светско ниво или во превод неверојатни 6 на секои 10 заболени лица доаѓа од доаѓа од овие 6 држави. Интересно е тоа што дури 5 од овие држави и тоа САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија се дел од Групата 7 (G7) или 7 најразвиени економиии според Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ).

Тешко е да се замисли дека Кина ја нема во овие држави. За тоа дали бројот на заболени е оној кој Кина и официјално ги соопшти,  последниве денови сведочиме на сериозни реакции страна на САД и Франција. За односот на Кина кон Светската Здравствена Организација прочитајте тука.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.