Снимката на руските пранкстери со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев создаде сериозни политички бранувања не само во Скопје, туку и во регионот. Опозицијата во Албанија, уште следниот ден по објавувањето на снимката, излезе со прес конференција барајќи одговорност од Рама за наводна согласност за поделбата на Косово, индиции кои што наводно произлегуваат од разговорот на Заев со пранкстерите. Сето тоа изгледа навидум нормално и во рамките на дневно-политичките препукувања меѓу власта и опозицијата, се додека ја немаме пошироката слика за политичкиот бекраунд во последните две години во Албанија.Руски пари за лидерот на опозицијата Лидерот на Демократската Партија на Албанија, Лулзим Баша, во текот на минатата година се соочи со сериозни обвинувања за примање на голема сума сомнителни пари со потекло од руски компании. Имено, американскиот магазин Mother Jones во март 2018-та година објави истражување работено од тројца новинари, кое што откри дека Демократската Партија на Лулзим Баша платила 675.000 американски долари на американска лоби компанија чиј основач е Николас Мазин, за да им обезбеди кратка средба и фотографија со американскиот претседателДоналд Трамп, за време на политичката криза и пред изборите во Албанија. Еден дел од договорот е платен од компанијата Biniatta Trade, формирана од две оф-шор компании од Белизе.Истражувањето на Mother Jones магазинот покажува дека позади ланецот фирми основачи на Biniatta Trade стојат двајца руски државјани, Евгениј Шереметјев и Константин Ферулев. Сомнежите пораснаа кога се откри дека овие пари биле скриени, односно не биле пријавени во албанската Централна изборна комисија, за што била покрената и официјална истрага против Баша.Војна против Сорос и „некои амбасади“По повод снимката на Заев со пранкстерите, координирано со партијата на Баша, реагираше и третата по големина албанска партија, Социјалистичкиот сојуз за интеграција. Ова е партија основана од актуелниот албански претседател Илир Мета, а моментално предводена од неговата сопруга Моника Криемадхи. Токму претседателот Илир Мета пред неколку дена, веднаш по локалните избори во Албанија, на прес конференција им објави војна на, како што ги нарече, „некои амбасади“ и на организациите поддржани од Џорџ Сорос. Тој го обвини Сорос и некои странски дипломати за заговор против Албанија и паралелна држава која што ја нарече Deep State. Тој исто така се закани дека „не е Груевски“ и дека странците нема да можат лесно да се справат со него. Насилни протести и бојкот во клучен период за евроинтеграциитеТокму овие две партии, ДП на Лулзим Баша и ССИ на Моника Криемадхи - сопругата на Мета, се предводниците на насилните протести кои што траат неколку месеци во Албанија. Двете партии исто така ги бојкотираа локалните избори одржани на 30-ти јуни годинава, а Илир Мета од позиција на Претседател се обиде и да ги премести за Октомври.Оваа длабока политичка криза во Албанија почна неколку месеци пред извештајот на Европската комисија за напредокот на Албанија, и во време кога Албанија и Северна Македонија очекуваа датум во пакет за почеток на преговорите со ЕУ. Како што е познато, одлуката за Албанија како и за Северна Македонија е одложена за Октомври. Претседателот Илир Мета најави дека ќе се ангажира за предвремени парламентарни и нови локални избори токму на 13-ти октомври годинава.Руска снимка како инспирацијаИмајќи ги предвид горенаведените факти за политичките релации во Албанија, експресната реакција на албанската опозиција инспирирана од руската снимка повеќе не изгледа ни малку случајна. Иако е тешко да се докаже координирано дејвствување на официјална Москва со нивните евентуални балкански марионети, јасно е дека и снимката, и валканите пари на албанската опозиција имаат исто потекло – Русија.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО