Во претходниот пост го споменавме пристапот на менталното здравје на насилниот екстремизам и психологијата зад насилниот екстремизам во сите негови форми. Денес ќе се обидеме да објасниме како медиумите ги третираа терористичките напади што се случија во Европа и луѓето кои стоеја зад нив. Дали нападот во НЗ беше терористички напад?Нападите врз џамиите во Нов Зеланд покренаа многу прашања за тоа дали политичарите, полицијата и медиумите сериозно ја сфаќаат исламофобијата и заканата од насилниот екстремизам на десницата. Набљудувањето на однесувањето на политичарите го поттикна народот да се запраша дали нападот во НЗ може воопшто да се нарече терористички напад, бидејќи овој пат зад уништувањето и загубата на животите стоеше бел ладнокрвен човек. Експертите за тероризам тврдеа дека се чини дека постои тенденција на поврзување на тероризмот само со муслиманската заедница и дека ова може да биде поопасно и да предизвика група на луѓе да станат жртви на стереотипизација, што води кон изолација и дехуманизација. Предолго терористичките напади се претставувани единствено како муслимански проблем, со акти на насилство опишани како "терористички само кога се однесува на муслиманите", изјави Абас Барзегар од Советот за американски исламски односи. Тој работи на документирање и борба против антимуслиманскиот фанатизам и исламофобија. "Имаме проблем во оваа земја каде што секој пат кога некое насилство е извршено од страна на еден муслиман, медиумите започнуваат со тероризам и потоа ги развиваат работите од таа точка", додаде Колин Кларк, висок истражувач во центарот "Суфан" тинк-тенк базиран во Њујорк. Некои од најозлогласените неодамнешни напади на бели напаѓачи со расистички или екстремистички ставови – пукањето во синагогата во Питсбург, при што загинаа 11 лица во октомври, и пукањето на црквата во која загинаа девет верници-црнци во Чарлстон во 2015 година - не беа именувани како тероризам и напаѓачите не беа осудени како терористи. Ниту пак пукањето од страна на бел напаѓач во џамијата во Квебек, Канада во 2017 година, во која загинаа шест муслимани. Кларк, експерт за тероризам, рече дека бил повикан да сведочи за Капитол Хил три пати во изминативе две години за џихадистички тероризам. "Каде се расправиите за десничарското насилство?", праша тој.Бојата на кожата е важна, за медиумите Речникот на Вебстер го дефинира тероризмот како "систематска употреба на насилство за да се создаде општа клима на страв кај населението и да се постигне одредена политичка цел". Тоа го практикуваа политичките организации и со десничарски и со левичарски цели, од националистички и религиозни групи, од револуционери, па дури и од државни институции, како што се армиите, разузнавачките служби и полицијата. Исто така, се користело од страна на поединци кои поради било која причина веруваат дека се незадоволни со државата или со други поединци или групи. Секој кој врши насилен чин или закана со насилство врз цивили или влада или која било група за да ги оствари своите политички или лични цели е терорист. Тероризмот се користи за заплашување и влевање страв кај населението, од кои многумина се невини минувачи, но за миг стануваат жртви на ужасот на овие бесмислени акти на насилство. Значи, ако тоа е дефиницијата за тоа што е терористички напад, тогаш следува прашањето зошто терористот во НЗ е опишан како "ангелско" момче кое се изгубило и имало ментални проблеми? Австралиската телевизиска презентерка Џејн Фран ја споредува покриеноста со нападот во Крајстчерч и пукањето во ноќниот клуб во Орландо. "Замислете дека сте муслиман и се будите и читате наслов кој го опишува лицето кое штотуку убило 50 ваши пријатели муслимани како "Ангелско момче кое пораснало во злобен екстремно-десничарски масовен убиец", вели Фран во видеото, реферирајќи на насловот на Дејли Мирор. Таа додава дека истиот весник за терористот Даеш, кој убил 50 лица во ноќнниот клуб во Орландо во 2016 година, известува дека "ИСИС-манијак убива 50 луѓе во геј клуб".Тероризмот нема религијаТерористичкиот напад во НЗ беше показател дека тероризмот нема религија и не припаѓа само на една заедница. Порториканскиот пејач Рики Мартин, која се смета за крал на латинскиот поп, ги критикуваше меѓународните медиуми за тоа што не го нарекол човекот, кој уби најмалку 49 лица во нападите на двојната џамија во Нов Зеланд, "терорист". Во неговата приказна на "Инстаграм", Мартин напишал: "Човекот, кој уби повеќе од 40 Намази и сериозно повреди 20 луѓе. Сите меѓународни медиуми го нарекуваат стрелец и екстремист, но не и терорист, зошто??"Бидејќи тој не е муслиман!!"Без разлика на која тема на радикализација или насилен екстремизам посочуваат политичарите или медиумите, тоа мора да се направи со осет, без да ги извитоперуваат и стигматизираат лицата со ментално нарушување или со друга боја на кожата.Мерал Мусли Тајроска – Психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам, активист за правата на жените   https://www.apnews.com/d8c7300b96ca4b809870f0e9b85e80b7 https://www.apnews.com/d8c7300b96ca4b809870f0e9b85e80b7 https://www.shreveporttimes.com/story/news/local/blogs/2019/03/23/terrorism-terrorism-regardless-skin-color-perpetrator/3246118002/ https://www.dailysabah.com/asia/2019/03/20/double-standards-of-western-media-outlets-criticized-after-christchurch-terror-attack https://www.aa.com.tr/en/culture/ricky-martin-blasts-double-standards-of-intl-media/1420011

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.