Двојните стандарди на медиумите во врска со терористичките нападиВо серија од три дела, го појаснуваме начинот на кој медиумите ги покриваа терористичките напади низ целиот свет и како медиумите влијаеа врз народните маси преку ширење лажни вести и дезинформации. Западните медиуми дури беа и критикувани за пристрасниот пристап при покривањето на терористичкиот напад во Нов Зеланд, правејќи го видлив двојниот стандард на меѓународните медиуми. Но, прво треба да ја разбереме психологијата зад насилниот екстремизам во сите негови форми.
Ментално здрав пристап кон насилниот екстремизамПсихолошкиот аспект на радикализација не е ништо ново за корисниците на
pve /cve world. До сега многу алатки се користени за да се прилагодат аспектите на насилство во процесот на радикализација, но сепак јасно е дека овој процес е многу сложен. Политичарите, засегнатите страни, практикантите не оставаат ниту еден камен непревртен за да го пронајдат вистинскиот одговор на тоа зошто некој станува насилен, а друг не, но да се бара едногласен одговор не само што би било претенциозно, туку би станало и опасно, бидејќи не можеме да заборавиме дека луѓето се различни, па затоа методот не може да биде на принцип “една големина одговара за сите“. Додека практикантите се фокусирани на тоа да ги појаснат менталните нарушувања како што се депресијата, ПТСН, дури и шизофренијата како фактори кои ги изместуваат луѓето од нормалата, со цел да преземат насилни дејства во име на нивната идеологија, мора да се постави прашањето дали сме премногу дефокусирани од крајниот спектар на ментални нарушувања, без да се фокусираме на поединецот. При истражувањето на менталната состојба на насилните екстремисти, практикантите имаат тенденција да измислуваат различни хипотези и притоа го изоставуваат фактот дека се соочуваат со поединци кои се
нереално убедени дека нивните верувања се чисти и дека насилниот чин е свет.
Во оваа машина има разумна душаНиз годините, прашањата за радикализација и насилен екстремизам станаа разновидни и со тоа директно влијаеја врз социјалниот, политичкиот и економскиот статус на поединецот. Постои глобална свест дека користењето на воена сила, надзор или безбедност не е доволно во борбата против тероризмот, туку потребен ни е похолистички пристап за спречување на насилниот екстремизам. Треба да се признае дека сме поминале долг пат во сферата на превенцијата и борбата против насилниот екстремизам, обидувајќи се да ја разбереме менталната состојба на луѓето што се приклучуваат на терористички организации, но тоа не е доволно, бидејќи потребата да се спознаат карактерите на екстремистите се неуспешни. Практикантите ги здружија своите сили со различни актери, како што се полицијата, локалните власти, здравствените и образовните професионалци со цел да разберат како можеме да го спречиме насилниот екстремизам. Се чини дека постои согласност меѓу практикантите дека
аспектот на нарушување на менталното здравје е поважен од аспектот на радикализација во спречувањето на насилниот екстремизам. Иако студиите спроведени од 2012 година, изгледа дека постојано доаѓаат до заклучокот дека
не постои јасна врска помеѓу нарушувањата на менталното здравје и тероризмот. Можеби причината за тоа е позицијата на некои практиканти кои се наоѓаат на крајниот дел од спектарот кога станува збор за ментални нарушувања како што се ПТСН (пост-трауматско стрес-нарушување), шизофренија и АСН (аутизам-стрес-нарушување). Нема сомневање дека
не можеме да ги отфрлиме нарушувањата на менталното здравје како фактор на ризик што ги наведува луѓето кон патот на насилството или насилниот екстремизам, но одговорот кон радикализацијата мора да го одразува начинот на кој самиот процес се развива, почнувајќи од индивидуалното ниво.
Да се биде човек значи да се чувствувате инфериорноСите ние сме суштества со потреби. Родени сме со потреби и огромното мнозинство од нас умира по целоживотна борба со многу од нашите потреби неисполнети. Овие потреби не се прекумерни; да сме нахранети, да сме на топло и суво, да растеме и да развиваме со сопствено темпо, да сме згрижени и сакани, и да сме стимулирани. Овие примарни потреби се централната реалност на едно новороденче. Невротичниот процес започнува кога овие потреби се неисполнети за колкаво и да е време. Бидејќи детето самото не може да го надмине чувството на глад или да најде замена за љубов, тој мора да ги одвои своите чувства од свеста. Оваа поделба на себеси, на своите потреби и чувства е инстинктивен акт со цел да се исклучи прекумерната болка. Но, поради нивната болка, потребите се потиснати во свеста, и така поединецот мора
симболично да продолжи да ги задоволува неговите потреби.
Бидејќи на личноста не ѝ било дозволено да се изразува, таа може да е принудена да се обиде да ги натера другите да ја слушаат. Оваа особина може да се најде во однесувањето на индивидуалните терористи; постои потреба за припадност и
потреба за внимание од публика. Ова е илустрирано со истражувања кои откриле дека во 70% од случаите на индивидуалните терористи, има обид за емитување - или онлајн или офлајн (на пример, на членови на семејството, па дури и на полиција). Индивидуалните терористи изгледа како да се првенствено мотивирани да бидат забележани и да започнат ефект на ‘снежни топки‘ со нивните акции.
Нападот е механизам за поединецот за да ја постигне неговата или нејзината мисија да го присили општеството да го гледа светот од својата перспектива. Кога потребите се потиснати, организамот оди во постојана состојба на алармирање. Таа состојба на алармирање е тензија. Неприродната напнатост е хронична и претставува притисок од негираните или незадоволените чувства и потреби. Значи, секое ново блокирано чувство или неисполнета потреба додава тежина врз внатрешните притисоци, кои влијаат на целокупниот систем. Тоа значи, мускулатурата се вклучува во тензијата и заморот на поединецот, без разлика дали тој е буден или спие.
Мерал Мусли Тајроска – Психолог, експерт за насилен екстремизам и радикализам, активист за правата на жените
Rene Descartes
RAN H&SC Understanding the mental health disorders pathway leading to violent extremism, Turin 13 March 2019 RAN H&SC Understanding the mental health disorders pathway leading to violent extremism, Turin 13 March 2019 Alfred Adler The Primal Scream – Arthur Janov, Ph.D.
RAN H&SC Risk assessment of lone actors, Mechelen 11-12 December 2017 The Primal Scream – Arthur Janov, Ph.D. E. Jacobson, “Electrophysiology of Mental Activities,” American Journal of Psychology, Vol. 44 (1932).