Оригинален наслов: ШОКАНТНО ПРИЗНАНИ НА СТОЛТЕНБЕРГ: ЌИНА КЕ НЕ ПРЕСТИГНЕ ВО СЕ!
На 11.06.2020 година, веб порталот Mkdpress.site објави статија со сензационален наслов ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА СТОЛТЕНБЕРГ: ЌИНА КЕ НЕ ПРЕСТИГНЕ ВО СЕ!. Во текстот e пренесена изјавата на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за Би-Би-Си во која се вели дека Пекинг наводно се приближува кон Западот на различни начини – на Арктикот, сајбер-просторот и критичната инфраструктура, вклучувајќи ги и телекомуникациите. Воедно во неговата изјава вели дека „ е важно Британија да ја преиспита улогата на Huawei во својата 5G мрежа со цел да се обезбеди нејзината безбедност.“Линк до оригиналната статија тука.
Највпечатлив е насловот на текстот, кој покрај тоа што е сензационален, истиот е полн со правописни грешки. Очигледно е дека ваквиот наслов има за цел да привлече што е можно повеќе кликови и следствено на тоа, повеќе читатели.
Имено, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, навистина изјави дека Кина се приближува кон западот на различни начини. Меѓутоа, Генералниот секретар Столтенберг воопшто не изјавил дека Кина ќе ја престигне Алијансата во сѐ. Напротив, тој потенцираше дека НАТО не ја гледа Кина како нов непријател или противкандидат. Покрај тоа, тој истакна и дека „подемот на Кина фундаментално го менува глобалниот баланс на моќ, а лидерите на НАТО, шефови на држави и влади, кога се состанаа во Лондон во декември, тие, за прв пат во историјата на НАТО, се согласија дека НАТО мора да се справи со последиците, безбедносните последици и од порастот на Кина .“
За безбедносните ризици од 5Г мрежата, каде Huawei се јавува како оператор, пишувавме и порано. Една од водечките фигури на Хуавеи е поранешен полковник во Кинеската армија, а нејзините врски со Комунистичката партија на Кина се во повеќе наврати докажани. Во авторитарните држави како Кина, т.н. квази приватен сектор го крева целиот аларм за безбедноста особено заради фактот што најголемиот број од нападите во сајбер сферата врз Западот доаѓа преку бизнис секторот, а е оркестриран од милитантни напаѓачи кои дејствиуваат најчесто „како патриотски хакери“.
Оттука, апелот од Генералниот секретар на НАТО до Велика Британија е заради ефикасноста и ефективноста (каде безбедноста и сигурноста се рамо до рамо со квалитетот на услугата). Со израмнети стандарди и протоколи за безбедност, и каде операторите се доверлив партнер, ризикот од нарушување на безбедноста и сигурноста се намалува. Без тоа 5Г е попорозна на напади, а оттука и интероперабилноста на НАТО алијансата би се довела во прашање.
Тимот на F2N2 го оценува овој текст како ‘клик – бејт’ наслов, кој има за цел да привлече што е можно повеќе читатели и следбеници. Не верувај во сѐ што ќе прочиташ. Читај само доверливи и проверени информации.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО