Лекција 3: КАДЕ ДА ПРИЈАВИШ МАНИПУЛАЦИЈА?Доколку имате сомнеж во поглед на информацијата која сте ја слушнале или прочитале на медиумите, може да ја проверите. Ако утврдите дека станува збор за манипулација, може да испратите своја реакција како жалба до Советот за етика во медиумите. Жалба може да се поднесе во рок од еден месец откако е објавен новинарскиот текст/прилог. Комисијата за жалби ги разгледува сите пристигнати жалби поврзани со кршење на професионалните и етичките стандарди во пишаните (печат и новински агенции), електронските (ТВ и радио) и во интернет медиумите во Македонија. Анонимните жалби не се разгледуваат. Жалба поврзана со објавените содржини во печатени, електронски и онлајн медиуми може да поднесе секој граѓанин, правни лица, граѓански организации и меѓународни организации. Жалбата може да се поднесе против одреден медиум. Жалби против поединечни новинари не може да се поднесуваат.Алатка која се раководои од страна на Граѓанската Асоцијација МОСТ, која е на располагање на граѓаните, правните лица и меѓународни организации  е порталот F2N2  или Борба со лажни наративи (Fighting Fake News Narratives ) која работи на разобличување на лажни вести и лажни наративи. Порталот нуди лесен формат за пријавување на манипулација или обид за манипулација преку кој секој може да пријави. Тимот на F2N2 ќе го разгледа извештајот и ќе се обиде да ја разобличи лажната вест со цел да им посочи на читателите дека постои обид за манипулација со нив.На глобално ниво, платформата Гугл има цел пакет од правила  по кои  онлајн порталите треба да се водат.  Целта на платформата со овие правила е да се нагласи искреноста кон јавноста со цел да се спречи нејзино манипулирање. Гугл не дозволува страници кои имаат недоволно или воопшто немаат оригинална содржина, понатаму не дозволуваат злонамерни страни кои се користат за крадење на идентитети или ширење на разни вируси, како и лажни портали. Доколку некое од овие правила забележите дека е прекршено, може да ги пријавите на овој линк.Откако ќе пријавите, Гугл го опоменува сопственикот на порталот. Ако се продолжи со недозволената пракса, ќе остане без дозвола за прикажување на Гугл Адсенс огласите, кои пак се главната причина за функционирањето на порталите, односно без приходите од реклами.Во играта за ширење на манипулативните вести, не може да ја занемариме и социјалната мрежа Фејсбук, која често се користи како алатка за распространување.  Фејсбук се’ уште трага по вистинската формула за справување со лажните вести, не можеме да ги занемариме чекорите кои ги презеде. Социјалната мрежа воведе опција за пријава на лажните вести, со цел да се намали нивното ширење.  Ако се пријавни лажната вест, Фејсбук ќе ја намали нејзината видливост, но и другите содржини кои ги објавува страната од која потекнува лажната вест. Покрај лажните вести, Фејсбук овозможува и пријава на говор на омраза, дискриминација, како и лажни наградни игри.Доколку сакате да пријавите лажна страна или лажна вест на Фејсбук, еве го упатство како тоа може да се направи:1.Кликнувате на веста или фотографијата, ќе добиете опција за избор од
  • Копирај код

  • Дај повратно мислење или пријави злоупотреба

  • Отвори преку цел екран

  1. Откако ќе ја одберете втората опција и ќе пријавите злоупотреба, ќе добиете опција за конкретизирање на вашата пријава:

  1. Кога ќе го направите изборот, кликнувате на опцијата „Пријави“.

Ќе потенцираме дека лажните вести, Фејсбук не ги брише веднаш по пријавата. Но, тоа  ќе го направи, ако се зголеми бројот на пријави. За страните или порталите за кои нивната анализа покаже дека ги лажат корисниците или се занимаваат со недозволена промоција или продажба, ќе бидат прво блокирани, а по некое време и отстранети од социјалната мрежа.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.