Медиумски прилози кои содржат говор со кој се напаѓа, омаловажува, заканува или навредува некое лице по основ на неговото национално потекло, етничка припадност, боја на кожа, религија, родов идентитет, сексуална ориентација, преставуваат прилози кои содржат говор на омраза. Говорот на омраза е говор кој промовира или поттикнува насилни дејствија или кривични дела сторени од омраза, како и говор кој креира и поттикнува клима на омраза и предрасуди.Во суштина говорот на омраза преставува комуникација која нема друго значење освен изразување на омраза, што во иднина мошне веројатно е дека ќе предизвика насилство. Говорот на омраза може да се јави во било која форма на изразување и многу често е присутен на социјалните мрежи, блогови, форуми, но, не се исклучени ни медиумите.Според Кодексот на новинари медиумите не би смееле во своите прилози да вметнат говор на омраза. Член 10 од овој Кодекс вели: Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).Медиумите треба да настојуваат да се воздржат од пренесување на говор на омраза, како и било каква друга содржина која може да поттикне дискриминација по било кој основ, како и насилство. Комуникацискиот јазик кај новинарите мора да биде внимателно граден без елементи кои укажуваат на расизам, мизогинија, сексизам, антисемитизам, ксенофобија или било која друга предрасуда. Во медиумите говорот на омраза се активира секогаш кога ќе се употреби вулгарниот наратив, наместо непристрасност и објективност.Примери за говор на омраза:Говорот на омраза лесно се соединува со дезинформациите. Често тој се користи како алатка со која се интензивира штетно дејство на лажните вести.Агенцијата за аудио визуелни ефекти изработи Водич за мониторинг на говорот на омраза во кој ги објаснува аспектите на говорот на омраза кај медиумите.Во македонската регулатива, постои правна рамка за регулирање на говорот на омраза. Во Кривичниот законик со неколку кривични дела, директно или индиректно се санкционира говорот на омраза.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО