Терминот хибрид се користи за да се објасни или опише широк спектар на мерки, алатки и техники во кои се вклучени дезинформации, сајбер напади, манипулација со меѓународното право, шпионажа, саботажа, политичка субверзија, па дури и економски притисок или енергетска зависност.НАТО хибридните закани ги дефинира како „облик на закана што спојува конвенционални и неконвенционални активности во одредено време и одредена локација”.Специјалистите за сајбер безбедност се погласно укажуваат на големата опасност од хибридните закани, во кои со помош на современата технологија се создаваат конфликтни ситуации кои придонесуваат за разнишување на капацитетите на одредени влади или значајни личности, а во насока на носење на важни одлуки.Хибридните напади користат манипулации со цел да извршат одредено влијание. Целта на хибридните напади е да влијаат врз јавноста или процесите, кои се значајни за донесувањето на клучни одлуки. Во таа насока, главниот фокус на хибридните напади можат да бидат лидери, јавни личности, медиуми, религиозни групи или граѓански организации. Креаторите на хибридните напади, настојуваат да влијаат врз кредибилитетот и интегритетот на личностите или групите значајни за донесувањето на одлуки.Комуникацијата е мошне значајна од аспект на хибридните закани. Информатичката безбедност е клучниот фактор на кој треба да се посвети особено внимание.Извештаите за хибридните напади скоро секогаш ја вклучуваат руската пропаганда, односно фабриката за тролови од Кремљ, која преку различни активности и лажни или скриени идентитети се обидува да влијае врз мислењето на јавноста во корист на руските политики. Голем дел од анализите ја истакнуваат руската „Агенција за интернет истражувања“ која често е посочена како јадрото на тајната руска организација, задолжена за манипулација на јавноста во корист на политиката на Кремљ.Податоците укажуваат дека Русија постојано ја скенира јавноста и нејзините перцепции, со цел да ги открие точките каде може да нападне. Во април 2018, како дел од акцијата против руската пропаганда беа избришани бројни профили и страници поврзани со оваа т.н. фабрика на тролови. Истражувањата откриваат дека најголем дел од вработените во агенцијата за интернет истражувања се млади луѓе.Многу медиуми истражуваа за потенцијалните опасности од хибридните напади на Кремљ. Најчестиот фокус е НАТО, односно спречување на активности кои НАТО ги реализира. Во октомври 2017 Вол Стрит Журнал пишуваше дека цел на руската агенцијата за интернет истражувања биле мобилните телефони на војниците.Многу земји беа жртви на хибридни напади. Во 2007 година Естонија беше нападната преку низа сајбер операции. И Грузија беше сведок на сајбер напад. Во Египет политичари и религиозни лица беа цел на хибридните закани. Во Шведска дезинформациите на Спутник, како дел од хибридниот напад ги таргетираа медиумите.Хибридните напади ја користат модерната информатичка технологија како паметните телефони и социјалните мрежи, во насока на креирање на големи групи кои ќе се употребат како поддршка со цел уништување или ослабување на државните, индустриските, финансиските или воените мрежи и цели. Хибридните закани и напади можат да предизвикаат слабеење на држави, но и креирање на конфликти.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО