Сатирата е позната како хумористичен начин на прикажување на одредени појави, настани или личности.Може да се јави во повеќе облици:
аудио форма
видео форма
печатена форма
Сатиричните вести генерално се базираат на вести кои се измислени, без разлика за кој облик на сатира станува збор. Во основа, кај сатиричните вести се нагласува дека станува збор за хумористична содржина, која не е вистинита. Тие не преставуваат манипулација, се додека не се пренесат без ознаката дека станува збор за сатира, што може да влијае на нивната перцепција во јавноста.Во одредени ситуации, авторот на сатиричната вест, можеби ги задоволил правилата на нејзиното објавување, но проблемот настанал кога некој ја пренел веста, без ознаката дека станува збор за измислена односно сатирична вест.Ова беше една од сатиричните вести, која успеа да им се провлече на дел од медиумите.