Лажните медиуми благодарение на дигиталната ера, го нападнаа медиумскиот простор и јавноста. Овие медиуми најчесто немаат импресум како своја лична карта, преку кој ќе може да се запознаете со идентитетот на екипата која ги креира вестите, како и уредникот кој е одговорен за нивниот пласман во јавноста. Ова значи дека лажните медиуми се неодговорни медиуми, кои не работат согласно професионалните новинарски стандарди, начела и принципи.Непостоењето на импресумот, односно анонимноста на тимот кој работи им овозможува да ја избегнат одговорноста и последиците кои се предизвикани како реакција на нивните прилози. За јавноста, тие наликуваат на медиуми, но за професионалното новинарство тие се напад и девалвација на новинарскиот труд и професионалност.Анонимните т.н. „новинари“ креираат прилози во кои ја имаат слободата и демократијата, но ги злоупотребуваат, користејќи говор на омраза, шпекулации и дезинформации, а притоа не ги почитуваат ни авторските права.Лажните медиуми ги користат придобивките на вистинските медиуми како нивно право, но ги избегнуваат одговорностите како дел од рамнотежата на тој систем. Вистинските медиуми имаат свои права, но и одговорности.Покрај ширењето на манипулативни содржини, говорот на омраза, лажните вести често ги следи и пренесувањето односно крадење на прилози од други медиуми. Карактеристично за лажните медиуми е дека и во овој случај, го прескокнуваат професионалниот стандард за работ. Па така, наместо кратко парче со линк до оригиналната содржина, тие го крадат буквално целиот текст и наведуваат  само извор, а често го изоставаат линкувањето до авторскиот прилог.  На овој начин, тие  иако се пирати со туѓи содржини, за жал, публиката ги доживува како информативни медиуми.Лажните медиуми често се размножуваат на  тој начин што се врзуваат или репродуцираат по неколку портали и страници на социјалните мрежи во еден мрежен систем. Тој пак се шири преку социјалните мрежи. Ова често се уредува од едно лице или мала група. Оваа мрежа ги линкува содржини на групата во мрежниот систем.Единствената цел на оваа лажна медиумска групација е да оствари лична заработка, наместо основната цел на новинарството -јавноста да биде информирана за вистината.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.