Псевдонауката во медиумските форми ги употребува ставовите, вредностите или наодите кои се презентираат како научни откритија или факти, иако не се добиени со помош на научни методи. Станува збор за форма на лажни вести преку која манипулативно се интерпретираат одредени научни истражувања. Често се повикуваат и на научни истражувања кои не ја минале фазата на научна анализа. Најчесто се преставуваат како сензационално откритие. Ги користат медиуми за убавина, здравје и слични области,  во кои поради одредени финансиски интереси се презентираат сензационални откритија, кои всушност не се научно поткрепени.Псевдонауката најчесто се комбинира со теориите на заговор.Примери кои сте ги сретнале се:

  • Која храна е канцерогена

  • Волшебни пијалаци за слабеење, лечење и сл.

  • Вакцини

  • Различни третмани на заболувања и сл.

Псевдонауката покрај медиумите, многу почесто е присутна во различни групи на социјалните мрежи, на блогови, форуми, како и на профили на инфлуенсери. Групите, форумите и социјалните  мрежи им овозможуваат на разни надрилекари и други нестручни лица да ги рекламираат своите производи кои не се научно анализирани.Пример за псевдонаука: imageimageКако да препознаете псевдонаука:imageАлармот нека ви се запали секогаш кога ќе прочитате текст за „револуционерно откритие“, „природни“ лекови, алтернативна терапија за лекување... Секогаш имајте предвид дека станува збор за нешто што не е поткрпено со научни анализи, па можноста да биде опасно по вашето здравје е голема.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.