Доколку се прочита веста може да се види дека целта на насловот е да се предизвика разочарување кај нашите граѓани од одлуката на Европската Комисија.

Тоа може да се заклучи од фактот, дека и во самиот текст на Лидер, стои, дека помошта од Европската Комисија, односно, одлуката колку пари ќе им биде доделена на земјите членки е базирана на реалните потреби кои што ги имаат овие земји.

“-Ќе им помогнеме на нашите партнери да ги покријат итните потреби на здравствените системи и за промоција на долгорочни мерки за ублажување на социо-економските последици на кризата со коронавирусот и поддршка за малите и средните претпријатија во регионот, изјави Вархеји.

Дека Здравствениот систем на Косово има потреба од поголема помош, може да се заклучи и од изјавата на Извршниот директор на Светската Здравствена Организација, Доктор Мајкл Рајан, кој што на 04.02.2020 кој што изјави дека здравствениот систем на Косово е се уште во тешка ситуација.

“Косово е земја што излезе од тешка состојба и сега го обновува својот систем за испорака на услуги. Јас сум бил во Косово неколку месеци за да помогнам во градењето на здравствениот систем. Знам за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Косово во последните години. Здравствениот систем на Косово се уште има слабости, но има многу професионалци кои се посветени и многу работливи. Косово треба да има активен систем за детектирање на случаите и да ги зголеми капацитетите за да се справи со ситуацијата“, изјави Рајан.

Во 2018 година Министерството за Здравство на Косово, побара од “Western Balkans Investment Framework”, преку помош од Европската Банка да инвестира 50 милиони евра во медицинска опрема.

Како за споредување помеѓу нашиот здравствен ситем и системот за здравство во Косово, може да се земе предвид и официјалниот податок, објавен на 16 август 2016, од страна на поранешниот министер за економија, Дритон Кучи, според кој, во Северна Македонија граѓаните на Косово трошат од 25 до 30 милиони евра за здравствени услуги.

Инаку, Европската Комисија донесе одлука Северна Северна Македонија и Албанија да добијат веднаш по четири милиони евра во борбата против Ковид-19. Босна и Херцеговина ќе добие седум милиони евра, Црна Гора три милиони, Косово пет, а 15 милиони евра се наменети за Србија, каде штетата за сега е најголема.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.