Оригинален наслов: И EУ се cкapa со СЗО за тоа како извecтyва за кopoнатаНа 22 октомври 2020 година, порталот Инфомакс објави текст со наслов: И EУ се cкapa со СЗО за тоа како извecтyва за кopoната. Во содржината се вели дека Европската Унија формулирала нацрт-предлог за реформите што треба да се спроведат во рамките на Светската здравствена организација. Во предлогот било истакнато дека членките на СЗО требало да покажат поголема транспарентност кога станува збор за начинот на известување за пандемијата.
Не е првпат овој портал да користи клик-бејт наслови и извртување на фактите за да манипулира со јавноста. Имено, никаде во содржината на текстот не е наведено дека ЕУ се скарала со СЗО, ниту пак дека има некакво несогласување меѓу нив. Напротив, се работи за нацрт-предлог за реформи подготвен од германската влада по дискусиите со другите земји-членки, во кој е даден преглед на повеќемесечните планови на ЕУ за решавање на предизвиците на СЗО поврзани со финансирањето, управувањето и правните овластувања.
Документот од 19 октомври до кој дошол Ројтерс, ја поттикнува СЗО да донесе мерки што ќе ја зголемат „транспарентноста на националната усогласеност“ со меѓународните здравствени регулативи и бараат од земјите-членки на СЗО да бидат побрзи во споделувањето информации при итни здравствени случаи.
Ниту СЗО, ниту германската влада не сакале да го коментираат документот зашто него допрва ќе го дискутираат министрите за здравство на ЕУ на видео-конференција следната недела, и намерата е тој да биде заеднички став на ЕУ пред Собранието на СЗО кое треба да се одржи кон средината на ноември.
Порталот непрофесионално изнесува заклучок во насловот за наводно карање или несогласување помеѓу ЕУ и СЗО. Ова е само еден од низата наслови што ги објавува со цел да манипулира со јавноста, во насока на поткопување на довербата во меѓународните организации, во случајов довербата во работата на Европската Унија и Светската здравствена организација.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО