Додека злосторствата сторени од нацистичкиот режим беа осудени и казнети преку Нирнбершкиот процес, се уште постои итна потреба за се подигне свеста, да се донесе морален суд и да се спроведе истрага за злосторствата од сталинизмот и другите диктаторски режими.Во предвечерието на одбележување на 80 годишнината од почетокот на Втората светска војна, Европскиот совет донесе резолуција за сеќавање на жртвите од тоталитарните режими во која ги повикува земјите-членки да работат на тоа никогаш повеќе да не се повторат такви злосторства какви што биле извршени од овие режими. Додека демократскиот свет бара искрена катарза за сторените злосторства од страна на сите тоталитарни режими и почеток на нова ера на демократизација и меѓусебна почит, некои земји се враќаат кон мрачни, минати идеологии.Европскиот парламент го осуди пактот Молотов - РибентропПовикувајќи се на десетици документи, извештаи, резолуции кои се однесуваат на заштитата на човековите права, човековите слободи и на жртвите на тоталитарните режими, во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна, на 19 септември 2019 година Европскиот парламент донесе резолуција за сеќавање на жртвите на тоталитарните режими. Со резолуцијата се посочува дека овој пакт е потпишан помеѓу претставници на два тоталитарни режими и претставува трасирање на патот кон отпочнување на најкрвавата војна во историјата на човешството. Резолуцијата е делумно и одговор на одбивањето на Русија да прифати одговорност за потпишувањето на пактот и почетокот на војната кое беше актуелизирано во август 2019 година, и покрај тоа што во 1989 година Конгресот на народните делегати на СССР го осуди потпишувањето на пактот Молотов-Рибентроп.Оваа резолуција го анализира договорот за ненапаѓање меѓу Советскиот Сојуз и нацистичка Германија, попознат како пакт Молотов-Рибентроп, кој содржи и тајни протоколи според кои се прави поделба на Европа и поделба на териториите кои припаѓаат на суверени земји меѓу два тоталитарни режими, со што се отвори патот за почеток на Втората светска војна.
Во воведот на резолуцијата стои: И покрај тоа што во 1989 година Конгресот на народните делегати на СССР го осуди потпишувањето на пактот Молотов-Рибентроп, во август 2019 руските власти одбиваат да прифатат одговорност за овој пакт и неговите последици, промовирајќи го гледиштето дека за започнувањето на Втората светска војна виновни се Полска, Балтичките земји и Западот.
Како последица на пактот, следуваше инвазија на Полска, прво од Хитлер на 1 септември 1939 г, а две седмици потоа, на 17 септември, од Сталин, што предизвика дотогаш невидено страдање на полскиот народ. Потоа, Советскиот Сојуз изврши агресија врз Финска на 30 ноември 1939 година, окупираше делови од Романија, и изврши анексија на Литванија, Летонија и Естонија.
Во резолуцијата на Европскиот парламент понатаму се вели: Додека некои европски земји по поразот на нацистичкиот режим успеаја да се вратат на патот на помирување, други земји останаа под директна советска окупација или под силно советско влијание уште половина век, трпејќи притисоци, укинување на слободите и спречување на општествено-економскиот развој.
Во објаснувањето на причините за резолуцијата Европскиот парламент нагласува: Додека злосторствата сторени од нацистичкиот режим беа осудени и казнети преку Нирнбершкиот процес, се уште постои итна потреба за се подигне свеста, да се донесе морален суд и да се спроведе истрага за злосторствата од сталинизмот и другите диктаторски режими.
Понатаму се додава дека споменот на трагичното минато мора да се зачува, за да им се оддаде почит на жртвите, да се осудат сторителите и да се постави основата за помирување која се темели на вистината и сеќавањето.
Пред 30 години, на 23 август 1989 година, 50-годишнината од пактот Молотов-Рибентроп беше одбележана од жртвите на тоталитарните режими од Балтичките земји со тоа што два милиони Литванци, Летонци и Естонци држејќи се за рака формираа човечки штит од Вилнус до Талин, преку Рига.
Нагласува дека Втората светска Војна, најразорувачката војна во историјата на човештвото, почна како резултат на потпишувањето на озлогласениот договор за ненапаѓање меѓу нацистичка Германија и Советскиот Сојуз на 23 август 1939 година, попознат како пакт Молотов-Рибентроп, заедно со неговите тајни протоколи, според кои два тоталитарни режими кои сакаа да го освојат светот ја поделија Европа на две зони на влијание.
Потсетува дека нацистичкиот и комунистичкиот режим извршија масовни убиства, геноцид и депортации, предизвикаа загуба на животи и слобода во 20-тиот век на досега невидено ниво во историјата на човештвото. Потсетува на ужасните злосторства од холокаустот што го споведуваше нацистичкиот режим и ги осудува сите акти на агресија, злосторства против човештвото и масовно кршење на човековите права од нацистичкиот, комунистичкиот и другите тоталитарни режими.
Изразува длабоко жалење за секоја жртва на овие тоталитарни режими и ги повикува сите институции на ЕУ и други субјекти да направат се што е во нивна можност ваквите страшни злосторства на тоталитарните режими против човештвото да бидат запаметени и процесуирани, и да гарантираат дека вакви злосторства никогаш нема да се повторат. Сеќавањата на минатото мора да се одржуваат живи и свежи, бидејќи нема помирување без сеќавање.
Ги повикува земјите членки на ЕУ да направат јасна и принципиелна евалуација на злосторствата и агресиите сторени од комунистичкиот и нацистичкиот режим.
Ги осудува сите манфестации и пропагирања на тоталитарните идеологии, како што се нацизмот, сталинизмот итн.
Го осудува историскиот ревизионизам и глорификацијата на нацистичките соработници во некои земји-членки на Европската унија. Изразува загриженост поради зголеменото прифаќање на радикалните идеологии и враќањето кон фашизам, расизам, ксенофобија и други форми на нетолеранција во Европската унија. Изразува загриженост од извештаите дека во одредени земји-членки постои соработка на политички лидери, политички партии и органи за спроведување на санкции со радикални, расистички и ксенофобични движења од различно политичко потекло. Ги повикува земјите-членки да ги осудат овие акти на најостар можен начин, бидејќи тие ги поткопуваат вредностите на ЕУ на мир, слобода и демократија.
Ги повикува земјите-членки на ЕУ да го одбележуваат 23 август како Европски ден на сеќавањето на жртвите на тоталитарните режими, и на ниво на ЕУ, и на национално ниво, како и да работат на подигнување на свеста кај младите генерации, преку вклучување на историјата и анализата на последиците од тоталитарните режими во учебниците во сите земји-членки на ЕУ. Ги повикува земјите-членки на ЕУ да го поддржат архивирањето на настаните од проблематичното минато на Европа, како на пример со превод на случаите од Нирнбершкиот процес на сите јазици на ЕУ.
Ги повикува земјите членки на ЕУ да го осудат негирањето на холокаустот, како тривијализацијата и минимизирањето на злосторствата извршени од нацистите и нивните колаборационисти.
Повикува на создавање една заедничка култура на сеќавање која ги отфрла злосторствата на нацистичкиот, сталинистичкиот и другите тоталитарни режими. Ги охрабрува земјите-членки да ги едуцираат своите граѓани за диверзитетот на општеството и нашата заедничка историја.
Повикува 25 мај (денот кога е ликвидиран херојот од Аушвиц, Витолд Пилецки) да се слави како Меѓународен ден на хероите на борбата против тоталитаризмот.
Укажува дека не само што земјите од Централна и Источна Европа се вратија во европското семејство на слободни демократии, туку и дека демонстрираат успех во реформите и општествено-економскиот развој.
Тврди дека Русија е најголемата жртва на комунистичкиот тоталитаризам и дека нејзиниот развој во демократска држава ќе биде опструиран се додека властите, политичката елита и политичката пропаганда продолжуваат да ги оправдуваат комунистичките злосторства и да го глорифицираат советскиот тоталитарен режим. Го повикува руското општество да се соочи со своето трагично минато.
ЕП е длабоко загрижен од напорите на сегашното руско раководство да ги искривува историските факти и да ги оправдува злосторствата од советскиот тоталитарен режим, сметајќи го ова за опасна компонента во информациската војна која се води против демократска Европа, која има за цел поделба на Европа, и затоа ја повикува Европската комисија да преземе решителни чекори во оваа насока.
Изразува загриженост поради продолжување на употребата на симболите на тоталитарните режими во јавноста и во комерцијални цели и потсетува дека дел од европските земји ја имаат забрането употребата и на нацистичките и на комунистичките симболи.
Забележува дека постоењето на споменици, и паметници на јавни места во некои земји-членки со кои се глорифицираат тоталитарните режими, го отвора патот за искривување на историските факти во врска со последиците од Втората светска војна и за пропагирање на тоталитарниот политички систем.
Го осудува фактот што екстремистички и ксенофобични политички сили во Европа се поактивно се вклучуваат во искривување на историските факти, употребуваат симболи и реторика кои се одглас на тоталитарната пропаганда, вклучително и расизам, антисемитизам и омраза кон сексуалните и друг вид малцинства.
Бара од земјите-членки да се придржуваат кон одредбите на Рамковната одлука на Советот и да се спротивстават на организациите кои шират омраза и насилство на јавни места и онлајн, и да ги забранат нео-фашистичките и нео-нацистичките групи и други организации кои ги глорифицираат нацизмот и фашизмот, или кој било друг вид на тоталитаризам.
Нагласува дека трагичното минато на Европа треба да продолжи да служи како морална и политичка инспирација во соочувањето со предизвиците на денешниот свет, вклучително и во заложбите и борбата за поправичен свет, создавајќи отворени и толерантни општества и заедници кои ги почитуваат етничките, религиозните и сексуалните малцинства и обезбедувајќи почитување на европските вредности за сите.
Му наложува на претседателот да ја испрати оваа резолуција до Советот, Комисијата, владите и парламентите на земјите-членки, руската Дума и парламентите на земјите од Источното партнерство.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО