ОПИС

Оригинален наслов: Полицајците барале голи слики во телефонот на Катица, а шифрата и била „Боки 13“ – Твитер гори!

На 16.07.2019  порталот Скопје 1 објави  серија на лични ставови на поединци, споделени преку личните профили на социјалните мрежи. Објавата со анонимните мислења, ја пренесе преку сензационален наслов, со кој манипулативно сака да ја привлече јавноста.

Линк до оргиналната објаваСкопје1.мк

ФАКТ/И

Медиумите имаат многу значајна улога во едно општество.  Токму  поради овој факт, мора да ја прифатат  својата одговорност.

Ова не е единствен случај, кога ехото на социјалните мрежи се употребува од медиумите заради кликови.

Ехото на социјалните мрежи, не треба и не смее да се пренесува на медиумите како вест.  Особено кога се пренесува преку сензационален наслов со цел да предизвика внимание кај јавноста. Статусите на социјалните мрежи се лично мислење на поединци, кое може да биде и погрешно. Токму и затоа пренесувањето на лични ставови, не е во интерес на објективното и одговорно информирање на јавноста, туку напротив, подгревање на шпекулативни тези кои можат дополнително да наштетат на реалноста.

Разбирлив е интересот на јавноста за овој случај. Но, шпекулациите  и произволните ставови, сериозно можат да му наштет на овој процес. Токму поради тоа, медиумите мора внимателно да информираат за овој случај. Анонимните ставови и мислења на поединци, не се официјален извор за  новинарско истражување.  Личните ставови и мислења кои се шират  на социлајните мрежи, не се во интерес на одговорно и точно информирање на јавноста, ниту пак се дел од стандардите за професионално информирање  преку медиумите.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.