Веројатно во последните недели сте забележале како вашиот News Feed на Фејсбук е преполн со слики од иднината, кои што ви овозможуваат да имате претстава како ќе изгледаат вашите пријатели во нивните пензионерски години. Мобилната апликација Face App, кое што користејќи артифицијална интелегенција ги обработува фотографиите, во прв поглед изгледа интересна и заразна. Во последниот период стана нај популарна апликација во многу земји, со над 100 милиони симнувања на андроид, и број еден апликација од областа на фотографијата на iOS.Меѓутоа нивните Услови за користење  предизвикаа голема вознемиреност во светската јавност поради широките овластувања што корисниците им ги даваат на компанијата како предуслов за користење на апликацијата.„Вие му давате на FaceApp постојана, неотповиклива, неексклузивна, без авторски надомест, во целиот свет, целосно платена, пренослива лиценца под лиценца за користење, репродуцирање, модифицирање, прилагодување, објавување, преведување, создавање дериватни дела од, дистрибуирање, јавно извршување и прикажување на вашите Содржината на корисникот и секое име, корисничко име или сличност обезбедени во врска со вашата Корисничка содржина во сите медиумски формати и канали кои се сега познати или подоцна развиени, без надоместок за вас. Кога објавувате или на друг начин споделувате Кориснички содржини на или преку нашите Услуги, Вие разбирате дека вашата Корисничка Содржина и сите поврзани информации (како што се Вашето име, локација или профил фотографија) ќе бидат видливи за јавноста“, се вели меѓу другото во Условите за користење на апликацијата Face App, а кои што повеќето корисници, како и вообичаено ги прифаќаат пред да ги прочитаат.Тоа значи дека секој корисник на апликацијата, се согласува компанијата да може засекогаш да ги искористи сите лични информации што ќе ги внесете во Face App, за било каква употреба, вклучувајќи вашите фотографии, вистинското име и други лични информации.Позади Face App стои компанија од РусијаВознемиреноста стана уште поголема кога истражувањата на неколку медиуми покажаа дека зад Face App стои компанија Wireless Lab, компанија регистрирана во Русија. Во социјалните мрежи се отвори широка дебата во целиот свет дали оваа апликација е уште еден руски агрегатор на лични податоци, односно уште една руска алатка за шпиунажа. Сопственикот на Wireless Lab, Јарослав Гончаров, негираше дека податоците се собираат за било каква политичка употреба и дека дури не се чуваат во Русија.САД ќе истражи каде завршуваат личните податоци што ги собира Face AppАмериканскиот сенатор Chuck Schumer и официјално побарал FBI и Федералната трговска комисија да истражат каде завршуваат личните податоци на американските граѓани. Тој во своето писмо смета дека е „длабоко вознемирувачки“ што такви информации може да се собираат во „непријателска моќна држава“.Останува да видиме што ќе покаже истрагата, но дефинитивно во период на руска хиперактивност во сајбер-политичкиот свет, непотребно е вие самите да давате толку широки овластувања за употреба на личните податоци на непозната компанија. 

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.