Во рамките на проектот Fakespotting кој се спроведува од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со Alma Mater Studiorum – Università di Bologna [Italy] (Coordinator), Universidad Loyola Andalucía [Spain], GLOBSEC [Slovakia], INCOMA – International Consulting and Mobility Agency [Spain], Novosadska Novinarska Skola [Serbia], Univerzita Mateja Bela v Banskej Bystrici [Slovakia] како и Universiteti i Tiranës [Albania], на 24 Април се одржа настан на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На една од сесиите насловена “Градење на отпорност и добро информирано општество“ проектниот менаџер Росана Алексоска како говорник се осврна на постоењето на штетното Руско влијание во Северна Македонија како и на ефектите од истото.
За ефективна борба и справување со проблемот на дезинформации потребно е да ги разбереме дезинформативните наративи со цел да ја видиме големата слика.
Росана Алексоска - Проектен Менаџер FN
Повеќе информации за проектот можете да проследите на следното видео подготвено и објавено од страна на Институтот Макс ван дер Штул.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО