Вежбата “Одлучен удар 19” е национална теренска вежба, со учество на повеќе меѓународни учесници, која се одржува во Центарот за поддршка на обука (ЦПО) “Криволак”, во периодот од 5 јуни до 9 јули.“Одлучен удар 19” претставува најголема вежба која се одржала во Република Северна Македонија досега - масивна вежбовна активност во која учество ќе земат околу 2,700 војници од пет земји-членки на НАТО (САД, Бугарија, Црна Гора, Албанија и Литванија) и Република Северна Македонија.Целта на вежбата е да се зголеми интероперабилноста и подготвеноста на армијата на РСМ за борба во урбани средини во различни временски услови, синхронизација на расположливите капацитети и интеграција помеѓу конвенционалните сили и единиците за специјални задачи на партнерските земји, како и оценка на борбената готовност на единиците.17 јуни 2019 година е Ден за високи гости на кој, за потребите на вежбата предвидено е бомбардерот Б-52, придружуван од два борбени авиони од типот Ф-16, да изврши симболичен прелет на воздушниот простор на РСМ и АП “Криволак”.Учесници на вежбата:Република Северна Македонија - 1,300 припадници на армијата и МВР;САД – 1,300 припадници на армијата;Црна Гора – 75 припадници на армијата со артилериско вооружување;Бугарија – 25 припадници на армијата;Албанија – 25 припадници на армијата;Литванија – 10 припадници на армијата.Во текот на вежбата “Одлучен удар 19”, предвидено е да се реализираат 26 настани, 96 задачи и 13 тактички вежби со боево гаѓање. Во текот на целата вежба, ќе се користи конвенционална боева муниција која не содржи осиромашен ураниум.За потребите на вежбата ќе се користи следново вооружување и опрема:
Воздухоплови:
Авиони: два борбени авиони Ф-16 “Fighting Falcon” и еден бомбардер Б-52.
Хеликоптери: Ми 8/17 и Ми 24
Транспортери:
Stryker
Hermelin
Муниција:
За вооружување: 5,56мм; 7,62мм; 7,9мм; 9мм; 12,7мм и 30мм.
Артилериска муниција: 82мм; 105мм и 120мм
Блиска воздушна поддршка: 55мм.
Гевгелија, на 8 јуни
Свети Николе, на 11 јуни
Кавадарци, на 15 јуни
Радовиш на 26 јуни
Струмица на 26 јуни
Битола, на 29 јуни
Гостивар, на 1 јули
Скопје, на 5 јули.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО