САД може да забележат раст на нови случаи

заразени со коронавирусот, додека луѓето се враќаат дома од празнувањето на Денот на благодарноста, предупредува врвниот американски експерт за болести.Говорејќи во неделата 29.11.2020,

д-р Ентони Фаучи

смета дека „не е доцна“ оние кои допрва треба да патуваат,  да придонесат во спречување на вирусот, со носење маски и социјално дистанцирање.Денот на благодарноста обично ја најавува најпрометната недела за патувања во САД.САД регистрираа повеќе од 13 милиони случаи со коронавирусот, а над 266 000 луѓе се починати.Од неделата, бројот на случаи со „Ковид-19“ евидентирани во ноември, надмина четири милиони, што е двојно повеќе од евиденцијата во октомври.Фаучи  смета дека вакцината е „светло на крајот од тунелот“. Извор:

BBC

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.