Со зголемувањето на стапката на смртност во Британските болници која се искачи на 11.329 заклучно со Понеделник (13.04.2020) имајќи го премиерот Борис Џонсон како рековалесцент од борбата со коронавирусот, британската Влада најави дека мерките за изолација ќе продолжат и оваа недела.

Британија според бројот на починати се искачи помеѓу првите пет земји во светот, и се соочува со ризик да стане најлошо погодената земји во Европа – изјави постар научен советник во Владата.

И покрај дебата за тоа до кога да продолжат мерките, се чини дека Владата на Џонсон сепак има поддршка кај граѓаните мерките да продолжат до почетокот на Јуни, се со цел да се спасат повеќе животи.

Францускиот Претседател Макрон пак во обраќање до нацијата веќе најави дека мерките сигурно ќе продолжат до 11 мај, велејќи дека “и во наредните 4 недели правилата мора да се почитуваат“.

Франција и Велика Британија се помеѓу земјите кои во последната недела бележат раст на бројот на заболени како и на бројот на починати од коронавирусот со што обете се искачија на при врвот на светската листа, поминувајќи ја Кина.

 

Извор: Ројтерс

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.