На Фејсбук порталот “Мисија” беше објавена слика од автомобил со француско знаме на неа. Коментарот на сликата гласи:  Мерцедесот на Грујо.Претседателот на Чешка.Знамето на Франција. Оваа дезинформација беше пренесена и од порталите Инфомакс и Денешен.image

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ЛАЖНА ВЕСТ

На ден 11.06.2019 година во официјална посета на земјава пристигна чешкиот премиер Андреј Бабиш. Премиерот на Чешката Република во изјава за медиумите истакна дека ќе направи сѐ што е во негова моќ, Република Северна Македонија најбрзо што може да започне со преговори со ЕУ и да стане нејзина членка. Сепак, посетата не можеше да помине без одредени медиуми да се обидат да фрлат црна дамка врз истата. Имено, според одредени медиуми, службата за односи со јавност на премиерот Заев направил пропуст, па наместо знаме од Република Чешка ставиле знаме од Франција.  Дека знамето кое е поставено на фамозниот автомобил не е француско, туку е од Република Чешка може да се види на официјалното видео кое е поставено на веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија.Иронијата оди дотаму што порталот Инфомакс, во текот на истиот ден објави текст поврзан со истиот настан, но овој пат во текстот беше објавена слика на која што може да се види знамето на Чешката Република. Крајно контрадикторно.imageЗа крај, чувствуваме потреба да упатиме добронамерна едукација и да прикажеме како изгледаат знамињата на Франција и Чешката Република, чисто да се воочи разликата.image

ФРАНЦИЈА

image

ЧЕШКА

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.