Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Деновиве во јавноста беше пренесена информација дека германските компании ја оцениле работата на Владата со “нула”, како резултат на анкета спроведена во периодот од 01.02.2019 до 08.03.2019 година во која учествувале 41 компанија. Прашањето околу кое што се крена прашина во изминатите 10-тина дена гласи: “Генерално, како ја оценувате работата на актуелната влада?”Линк до оригиналната статија тука.Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оваа вест претставува спин и обид на селективен начин и во негативна конотација да се презентира анкетното истражување на Делегацијата на германското стопанство за бизнис климата во С. Македонија.Насловот има за цел да ги наведе граѓаните да помислат дека владата е оценета со “0“, што всушност не е точно. Во јавноста беше изнесен само податокот дека ниту една компанија односно “нула“ компании одговориле дека Владата работи добро, (како што е наведено во анализата на текстовите произлезени од овој настан од страна на Crithink: Тенденциозно извлекување оценка која не постои).Во текстовите не се потенцира дека скоро половина од испитаниците (49%) одговориле дека Владата работи задоволително. Ова особено доколку се има во предвид фактот дека во анкетата учествуваат само 20 % од околу 200 компании со германски капитал присутни во Северна Македонија, што значи дека не може да се извлече општ заклучок. И второ, што е значајно, ако се гледа структурата на компании кои се анкетирани ќе се дојде до заклучок дека 42% од анкетираните компании се мали и средни фирми,  додека 54% се компании кои учествуваат до 20% односно до 40% во извозот, факт кој воопшто не и беше пренесен на јавноста.Како поткрепа на ова е и одговорот на прашањето: “Дали повторно би инвестирале во Македонија?”, на кое дури 76% од компаниите се изјасниле дека ќе инвестираат пак, што е повисок процент во однос на 2018 година кога позитивно се изјасниле 74% од компаниите. Исто така, процентот на компании кои што планираат да вработат нови работници е зголемен од 37% во 2018 на 39% во 2019 година. Дека германските компании глобално имаат доверба во владиниот тим и политиката која се креира, говорат и одговорите на неколку прашања што ја отсликуваат перцепцијата на фирмите за бизнис амбиентот во периодот што следи. Така на пример, 43% од анкетираните фирми истакнале дека деловната состојба на нивната компанија ќе се развива подобро, во споредба со претходната година. 41% очекуваат прометот на извозот да биде зголемен, 43% од анкетираните компании ќе имаат зголемени трошоци за инвестирање.Како заклучно согледување, анализирајќи ги одговорите на анкетата спроведена од Делегацијата на германското стопанство за бизнис климата во Северна Македонија, констатацијата е дека германските инвеститори, пренесувајќи ги јавно и транспарентно резултатите, всушност и помагаат на Владата на Република Северна Македонија, укажувајќи на недоследности, но и на позитивни трендови, а се во насока на забрзување на процесите на трансформација и надминување на слабостите на системот,  но и поддршка на процесите кои даваат позитивни резултати. Германските компании се многу важен сегмент од македонската економија, особено поради фактот што вработуваат околу 20 000 работници и придонесуваат кон зголемување на извозот.Целата презентација од резултатите од овогодинешната анкета можете да ја погледнете тука.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.