РТ изјави дека имало 12.000 демонстранти; доказите од отворени извори сугерираат дека имало можеби повеќе од 22.000 лицаimageГолеми протести се случија во Москва на 20 јули 2019 година, но различни медиумски гласила објавија мошне различни бројки за демонстрантите.Демонстрантите во Москва се собраа да побараат да им се дозволи на кандидатите од опозицијата да се регистрираат за општинските избори во Москва, што ќе се одржат во Септември. Протестите беа непланирани, но полицијата за немири не ги растера веднаш. Како и да е, медиумските гласила кои го бранат Кремлин ја намалија бројката на демонстранти при нивното известување.Активистите се собраа кога властите им забранија на околу 30 кандидати да се регистрираат под изговор дека добиле неважечки потписи од подржувачите. Повеќе западни медиуми, вклучувајќи ги BBC (БиБиСи) и Reuters (Ројтерс), објавија дека најмалку 20.000 демонстранти се собрале на 20 јули; во меѓувреме, РТ на Кремлин објави дека излегле само 12.000 демонстранти. Руската видео-новинска агенција Ruptly (Раптли), која припаѓа на мрежата за вести на РТ, објави видео на ЈуТјуб на кое се гледа преглед на толпата додека луѓето почнуваат да се собираат, сугерирајќи дека толпата била помала.Сепак, снимените видеа за време на протестите откриваат дека толпата е значително поголема и погуста отколку што сугерираше Ruptly.Прецизна проценка за големината на толпата бара две главни информации: густина на толпата и јасни граници во кои се наоѓа толпата. Овие информации овозможуваат прецизна проценка на просечната големина на толпата со користење на бесплатни (open source) алатки.Густината на толпата може да се процени со броење на лица во толпата што стојат на еден квадратен метар. Според сателитските снимки на Google Maps, површината помеѓу двете линии кои го обележуваат движењето на една од снимките е широка приближно 1,7 метри. Најмалку четири лица можат јасно да се видат како стојат на таа површина. Истото растојание измерено вертикално сугерира дека најмалку четири лица стоеле долж вертикалната оска, што ја прави просечната густина на толпата помалку од две лица на метар квадратен.imageВториот фактор потребен за проценка на толпата се јасни граници до каде завршува толпата. DFRLab го гео-лоцираше местото на протестите на авенијата Академик Сахаров во центарот на Москва. И покрај огромниот број на јавно достапни видеа и фотографии од протестите, не се појавија фотографии кои ја опфаќаат целата толпа на една слика. Голем број на фотографии и видеа јасно ги покажуваат границите на толпата од предната страна, која беше свртена кон сцената, но никоја од нив не ги прикажа границите на толпата одзади. Една снимка објавена од медиумското гласило „Медуза“ сугерираше дека толпата завршува барем до крајот на последната заоблена структура на западната страна од авенијата Академик Сахаров.imageЗаради визуелизација, границите на толпата беа обележани на сателитската снимка со жолта линија што го означува предниот дел и портокаловата ознака на задниот дел на толпата.imageБидејќи густината на толпата на задниот дел од толпата не можеше да биде јасно утврдена, избрана беше густина од 1,5 лица на метар квадратен за да не се прецени големината на толпата.imageСпоред алатката MapChecking, видливата толпа можела да биде и до 22.000 лица. Бидејќи досега не се појавија никакви снимки од беспилотни летала што ја прикажуваат целосната големина на толпата, не е јасно дали толпата била поголема. Снимката не дава никакви индикации дали толпата завршува кај видливата граница. Истата може да се протегала и надвор од таа граница, што јасно би ги оспорило проценките дадени од РТ.Несанкционираните протести што избувнаа на 20 јули во Москва беа најголемите и најдолгите во Русија во последната деценија. Трпеливоста на Кремлин почна да се губи во текот на втората недела, бидејќи руската полиција почна да се соочува со демонстрантите во неделата на 28 јули. Најмалку 1.500 демонстранти беа приведени првиот ден, по бруталното насилство од страна на полицијата. DFRLab во моментот го испитува исходот на протестите и ги испитува доказите од отворен извор за полициска бруталност против мирните демонстранти. Оваа анализа е изработена од страна на DFRLab.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.