Говорот на омраза останува комуникациска алатка која често се користи на социјалните мрежи.

Миленко Неделковски во повеќе наврати, говорот на омраза го користи во својот речник, особено на неговите профили на социјалните мрежи.

imageВо конретниов случај, тој промовира омраза кон министерката Радмила Шеќеринска, комбинирајќи го својот наратив со манипулација.  Неговата цел е да предизвика ширење на лажни факти за Шеќеринска, но и да потикне омраза кон неа.Неделковски преку шпекулација сака да ја манипулира јавноста, наведувајќи ја на погрешен заклучок. Вистината е дека министерката за одбрана е активна и присутна на сцената. Радмила Шеќеринска денот на независноста го одбележа заедно со офицери, амбасадори и аташеа за одбрана од редот на амбасадите, со кои заедно се искачија на Галичица.Користењето вулгарен и насилен речник, надополнет со фотографијата од т.н. „Крвав четврток“ е силен обид за  изразување и насочување на омраза кон министерката за одбрана.Говорот на омраза е кривично дело и може да се пријави во Министерството за внатрешни работи. Говорот на омраза на социјалните мрежи, може да се пријави во одделението за електронски криминал при МВР.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.