Оригинален наслов: Радиоактивен отпад во општина Ѓорче Петров: 16 тони радиоактивно ракетно гориво фрлено во Ѓорче Петров, уште колку има на Криволак?
Наративот во текстот е уникатна мешавина на погрешни интерпретации на различни теми – депо на Макпетрол во општина Ѓорче Петров; складирање на гориво за градобојни ракети во сопственост на РСМ; Вежби на НАТО со радиоактивна муниција; Радиоактивен отпад; и најпознатиот воен полигон во земјата „Криволак“. Текстот е хаотичен и поврзува рециклирани наративи кои датираат од 1999 (пред 19 години) и 2001 (пред 17 години), а се појавуваат на крајот од 2018 год. Текстот спинува некои факти, ставајќи акцент на зборот „радиоактивно“, со цел да предизвика немир и паника, како и анти – НАТО расположение во општеството.Линк до оригиналната статија тука.
Линк до архивираната оригинална статија тука.
Alsat-M (24.11.2018) прв ја отвори сторијата дека 16 тони гориво за производство на градобојни ракети, складирано во депо на Макпетрол во општина Ѓорче Петров, е опасно. Оваа информација беше превземена од порталот 3 дена подоцна. F2N2 пронајде сторија од 2015 год., за инцидент којшто се случил во местото, односно експлозија која не предизвикала никаква штета, ниту пак радијација. Видеото може да го погледнете овде.
На 05.12.2018 год., Владата донесе одлука на нејзината 102 седница, да започне процедура за отстранување на материјалот од депото. На 124-та седница, одржана на 05.03.2019 год., Владата информираше дека движните опасни и експлозивни ствари се отстранети од територијата на државата.
Следно прашање е коментарот на интернет страницата на Гардијан од јануари 2001, со тврдење дека осиромашен ураниум бил користен во Криволак. Личноста која што коментирала, е претставена како „поранешен офицер на НАТО кој служел во Македонија“. F2N2 истражуваше и откри дека тој бил офицер за известување на UNHCR (а потоа бил професор по англиски јазик).
Во истиот текст, порталот рециклира изјава дадена од извесен Сокол Клинчаров во 1999, ословувајќи го како „ Шефот на македонското Министерство за животна средина“. Тој објаснува план на Владата (тогашната), за изградба на објект за складирање на радиоактивен отпад во Криволак. F2N2 дозна дека г-дин Клинчаров е/бил вработен во ова Министерство, но не бил Министер во времето кога е дадена изјавата. Министер бил Тони Поповски.
Да заклучиме. Враќањето во времето и извртувањето на фактите и податоците, го прават читателот збунет и лесно-заведен да поверува: дека поради горивото за градобојни ракети, воениот полигон Криволак ќе биде користен за тренинзи со радиоактивна муниција (повикувајќи се на изјава од 2001), а отпадот ќе биде складиран во специјални објекти на Криволак, како тоа да е план на Владата (повикувајќи се на изјава од 1999).
Овој текст е одличен пример за тоа, како дезинформациите и лажните наративи создаваат конфузија, недоверба и незадоволство во општеството.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО