Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов на текстот : “Кога македонците не ги почитуваат албанските етнички обележја, а бараат гласови и од албанците (ФОТО)„
Овој текст алудира на фактот дека СДСМ не го почитува албанското знаме и албанските обележја, додека пак Албанците ги почитуваат и државното и партиското знаме на СДСМ. Авторот во овој текст поставил неколку слики од анонимен читател за да ја потврди неговата теза, за односот на Македонците, односно СДСМ кон Албанците од кои што бара глас за време на изборите.
Линк до оригиналниот текст тука.
Линк до архивираната оригинална статија тука.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Авторот ставил неколку слики, само од две места, правејќи споредба. Преку овие фотографии, авторот сакал да покаже дека македонските политичари, односно тие од СДСМ, немаат почит кон Албанците, поради фактот што во нивните штабови нема албански знамиња и обележја за време на партиски состаноци, а кај Албанците има и македонски знамиња. Според нив, тоа е доволно да се заклучи дека СДСМ, односно нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски, не ги заслужува гласовите на Албанците на изборите.Оваа теза се шири многу брзо, а Северна Македонија е кревко општество, кога се работи за меѓуетничките прашања, затоа и еден ваков текст ако не се разобличи навреме, може да направи голема штета на односите во мултиетничкото општество.Македонското знаме е државно знаме, коешто го користат, како што е видно од сликите, сите штабови, а потоа, зависно од тоа во кое населено место е штабот, се поставуваат и дополнителни знамиња како одлика на поголемиот број на граѓани кои што живеат во тоа место.Националистичките реторики му припаѓаат на минатото, служат за поделба на граѓаните и прашањата за меѓусебна почит и разбирање, треба да бидат третирани со внимание, и не треба да се злоупотребуваат за политички цели.